Црна хроника
Царината на Богородица задржа 1.200 чифта патики поради сомневање дека се фалсификат

При спроведената контрола, во возило меѓу пријавени обувки, царинските службеници во четвртокот навечер пронашле 1.200 чифта брендирани патики за кои се посомневале дека фалсификати. Доколку производите би се продавале како оригинали, би достигнале вкупна вредност од вредност од 120 илјади евра, информираше во понеделникот Царинската управа.
На 24-ти јануари, околу 20 часот, на Царинска испостава Богородица со транзитна декларација бил пријавен увоз на обувки со потекло од Кина, натоварени во товарно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин. Стоката која требало да транзитира низ територијата на Македонија била наменета за фирма увозник од Косово.
Поради основано сомневање дека стоката повредува права од интелетуална сопственост царинскиот орган привремено ја задржал и според Законот за заштита на права од интелектуална сопственост ќе поведе постапка за утврдување на оригиналноста на истата.
Новоназначената директорка на Царинската права, Наташа Радеска Крстевска во понеделникот ги посети царинските магацини на Богородица каде преку директна средба со царинските службеници се запозна со деталите за првата поголема заплена од нејзиното доаѓање на должноста./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.