Црна хроника
Изгоре куќа во ресенско
Во понеделникот наутро. во 2.50 часот противпожарната служба во Ресен доби повик за интервенција врз опожарена приватна куќа во селото Козјак, но за среќа нема повредени, додека материјалната штета според првичните процени е висока.
Поради комплексноста на условите при гасењето на куќата објект, ниските температури и силниот ветер интервенирано е со четири возила и девет пожарникари, а во текот на интервенцијата побарана е и додатна помош од единицата од Битола при што во гасењето на станбениот објект се вклучи и возило со два пожарникари од Битола.
Во пожарот е направена голема материјална штета при што пожарот целосно ја уништил покривната конструкција на станбениот објект и поголеми делови од двата ката при што е уништена и целата покуќнина во објектот. Семејството навремено го напуштило објектот и моментално се сместени во нивните помошни објекти.
Причината за пожарот се утврдува а истражни екипи на МВР се на терен. Опожарениот објект го посети и Градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски кој за ТВ Тера истакна дека Општина Ресен согласно своите надлежности и можности материјално ќе го помогне оштетеното семејство./крај/мф/ом
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.