Контакт

Политика

СДСМ тврди дека власта си поигрува со високото образование

Објавено пред

Опозициската СДСМ обвини дека власта полека, но сигурно го уништува најстариот универзитет во македонија „Св. Кирил и Методиј“, преку неправилносниот избор на ректор, како и со формирањето нов универзитет „Дамјан Груев“.

dobivaj vesti na viber

„Целта на власта е ако може да го уништи најстариот, најдобриот универзитет во земјата „Св. Кирил и Методиј“. Прво, начинот и процедурата за избор на нов ректор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ покажа дека власта сака да се меша во работите на најстариот универзитет во земјата“, обвини Петар Атанасов од СДСМ.Тој појасни дека според техничкиот дел од гласањето нов ректор е професорот Никола Јанкуловски, но дека не може да се добројат сите нерегуларности и недемократскиот амбиент во кој се избираше новиот ректор. Атанасов праша зошто ректорот Јанкуловски не се појави на јавна дебата, на академска расправа. „Шверцерското враќање на Законот за основање на универзитетот „Дамјан Груев“ во Собранието е уште една тула во ѕидот што власта сака да го изгради околу УКИМ. Власта повторно го брани единствено партискиот интерес со ставање на законот на седница кога опозицијата е надвор од Собранието. Нема дебата, нема аргументи, има само партиска наредба и партиски интерес“, рече Атанасов.Појасни дека СДСМ ги искажа сите свои аргументи за овој предлог закон со поднесување близу илјада амандмани, а академската јавност ги искажа своите сериозни критики.   „На Република Македонија не ѝ е потребен уште еден партиски универзитет, на штета на финансирањето на другите државни универзитети“, рече Атанасов./крај/мф/бб

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Седумгодишно дете и уште три лице се изгубија на патот од Кожле кон Велес

Четири лица планинарејќи го згрешиле патот и залутале на стрмно опасно место за понатамошно нивно движење. Меѓу лицата има едно...

Македонија6 часа

Смрдеа затвори дел од салите за операции во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Претставник на Министерството за здравство бил сослушан во скопското Обивнителство, а по него според неофицијални информации следуваат директорите на хирушките...

Топ7 часа

При контрола на угостителски објекти за дрога се приведени девет лица

Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера по план на СВР Скопје ивршија контрола во повеќе...

Регион9 часа

Ден посветен на Данка Илиќ: Центарот за исчезнати и малтретирани деца празникот го посвети на девојчето од Бор

Центарот за исчезнати и малтретирани деца денеска, Меѓународниот ден на исчезнатите деца, го посвети на двегодишната Данка Илиќ од Бор,...

Македонија12 часа

Ангелов бара пешачки премин или изградба на кружен тек на булеварот Србија кај трговскиот центар Џевахир (ВИДЕО)

Граѓаните на скопската населба Аеродром Центарот имаат потреби кои беа упатени до Центарот за убправување со кризи (ЦУК), а кои...

Македонија16 часа

Поради реконструкција, без вода жителите на Водно, Козле, Клиничкиот центар, а во Сарај ќе има намалување на притисокот на водоснабдување

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат за пуштање на употреба на нова водоводна мрежа во реоните Сарај и Центар. ЈП...

Македонија1 ден

Безбедно пронајдени и евакуирани граѓани од височините на Осоговските планини

Денеска, во 16.15 часот од лицето за контакт од Доброволнота спасувачка служба „Осогово“ Кочани, ЦУК добил известување дека неколку лица...

Македонија1 ден

Сиљановска Давкова со италијанскиот претседател Матарела: побарани гаранции за европските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Италијанската Република денеска оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела. На...

Свет1 ден

Путин: Русија ќе разговара за мирот во Украина само со легитимните лидери во Киев

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека мировните преговори во Украина мора да се обноват, но дека Москва ќе соработува...

Свет1 ден

Судот во Хаг му нареди на Израел да ја прекине офанзивата на Рафах

Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска одлучи дека Израел мора веднаш да ја прекине воената офанзива и другите дејствија во...

Македонија1 ден

Ахмети: Да работиме заедно за правилно образование на генерациите, во духот на меѓусебното почитување

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети со објава на својата Фејсбук страница го честиташе 24 мај – Денот на светите браќа...

Македонија1 ден

Мицкоски: За скоро време ќе имаме нова влада, следува ново поглавје со работа, одговорност и резултати

Првенствено ќе се посветам на она што најмногу го засега секој еден човек, а тоа е потребата за подобар живот...

Македонија1 ден

Левица: Аманет да си го браниме јазикот од сите напади, денес ги има повеќе од било кога

Значајни за Македонија, но и за останатите словенски народи, Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост имале единствена мисија: да...

Топ1 ден

Загина 76-годишен маж: со тракторот се превртел на патот во Кочанско

Вчера во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор...

Европа2 дена

Орбан: Во Брисел во тек се подготовки за влез на Европа во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во Брисел се водат подготовки за влез на Европа во војната и додаде...

Македонија2 дена

Сиљановска Давкова по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј: Тие се наш патоказ за иднината

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. „Од...

Регион2 дена

Претседателката на Косово: Негирањето на геноцидот нема да го отвори патот за мир

Косовската претседателка Вјоса Османи на X се осврна на усвојувањето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Османи вели дека со...

Свет2 дена

Дали имало траги од куршуми на хеликоптерот? Објавен е прелиминарен извештај за падот на авионот на иранскиот претседател

Трупот на хеликоптерот на починатиот претседател на Иран, Ебрахим Раиси, се запалил откако удрил во рид, се наведува во прелиминарниот...

Свет2 дена

САД воведува визни ограничувања за Грузијците: „Вреди за оние кои ја гушат демократијата“

Соединетите Американски Држави денеска објавија нова политика на визни ограничувања за жителите на јужнокавкаската република Грузија, откако тамошната влада го...

Европа2 дена

Пукање во Истанбул: расправија во кафуле прераснала во вооружен судир, има убиени и повредени

ТРИ лица загинаа, а пет се повредени, од кои две потешко, во пукотница што се случи синоќа во кафуле во...