Македонија
ЈСП со изменет режим поради протестот и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираме дека денеска, среда (9.6.2021 година), во период од 15 до 17 часот, поради најавен протест и блокада на повеќе сообраќајници, голем дел од автобуските линии ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот.
По изменета траса ќе сообраќаат:
Линии 2 и 2А
*во правец од Автокоманда кон Сарај, од Гази Баба продолжуваат по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска), кај Амбасада на САД по улица „Лазар Личеновски“, околу Кале и кај мост „Гоце Делчев“ продолжуваат по својата редовна траса
*посочениот режим важи и во обратна насока на сообраќање
Линии 3 и 3Б
*во правец од Ново Лисиче кон центар, од Југодрво вртат лево кон Кјуби, кај Тутунски комбинат лево по булевар „Крушевска Република“ до Транспортен центар
*во правец кон Ново Лисиче од Транспортен центар кон Тутунски комбинат, Кјуби, десно по булевар „Кочо Рацин“ и од Југодрво по редовната траса кон Ново Лисиче
Линиите 4 и 4А
*во правец од Кисела Вода кон Тафталиџе, од рампа десно кај Тутунски комбинат по булевар „Крушевска Република“ кон НБРСМ, Југодрво, десно по улица „Мирче Ацев“, „Холидеј ин“, МНТ, булевар „Гоце Делчев“ и од Соборен храм по својата редовна траса
*во правец кон Кисела Вода, од булевар „Партизански одреди“ продолжуваат кон булевар „Гоце Делчев“, десно кон МНТ, улица „Кеј 13 Ноември“, Југодрво и по редовната траса
Линија 5
*во правец од Дексион кон Ново Лисиче, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ врти лево по булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Гоце Делчев“, МНТ, улица „Кеј 13 Ноември“ кон Веро Џамбо и продолжува по својата редовна траса
*во обратен правец, од Југодрво врти десно по улица „Мирче Ацев“, МНТ, булевар „Гоце Делчев“ кај Соборен храм лево по булевар „Св. Климент Охридски“, АМСМ и продолжува по својата редовна траса
Линија 7
*во правец од Лисиче кон Карпош, од Југодрво по улица „Мирче Ацев“, МНТ, булевар „Гоце Делчев“ и од Соборен храм продолжува по својата редовна траса
*во обратен правец, од булевар „Партизански одреди“ продолжува кон булевар „Гоце Делчев“, десно кон МНТ, улица „Кеј 13 Ноември“, Југодрво и продолжува по својата редовна траса
Линии 8, 19 и 59
*во правец од Влае кон Бутел, од булевар „Гоце Делчев“ продолжува на надвозник кај Стоковна куќа „Мост“, лево по улица „Лазар Личеновски“ околу Кале, булевар „Никола Карев“ и на детелинка Бит-пазар продолжуваат по својата редовна траса
*во обратен правец, од детелинка Бит-пазар, булевар „Никола Карев“, улица „Лазар Личеновски“ кон мост „Гоце Делчев“ и продолжуваат по својата редовна траса
Линија 9
*во правец од Скопје Север кон центар, преку Јаја паша на детелинка Бит-пазар на булевар „Никола Карев“, улица „Беласица“, НБРСМ, Југодрво, Билна аптека, лево по булевар „Крушевска Република“, кон Транспортен центар, улица „Беласица“, булевар „Никола Карев“ и се враќа на својата редовна траса
Линии 11, 11А, 15, 15А, 18, 21, 21А, 22, 32, 56, 60, 64А и 118
*во правец према Транспортен центар, од булевар „Гоце Делчев“, вртат десно кон МНТ, лево по улица „Кеј 13 Ноември“ и продолжуваат по својата редовна траса
*во обратен правец, од Југодрво вртат десно по улица „Мирче Ацев“, МНТ, булевар „Гоце Делчев“, кај Соборен храм лево по булевар „Св.Климент Охридски“, АМСМ и по својата редовна траса
Линија 12
*сообраќа до Стоковна куќа „Мост“, таму е почетна/крајна станица
Линија 16
*во правец од Пржино, од Југодрво сообраќа кон Веро Џамбо, улица „Беласица“ и од „Континентал“ по својата редовна траса
*посочениот режим важи и во обратна насока на сообраќање
Линии 17, 18А, 20, 35, 47, 47А, 61, 71 и 81
*од Транспортен центар, улица „Беласица“, булевар „Никола Карев“, Јаја паша и продолжуваат по својата редовна траса
*посочениот режим важи и во обратна насока на сообраќање
Линија 23
*во правец од Ченто кон Дом на печат, од Југодрво врти десно по улица „Мирче Ацев“, МНТ, булевар „Гоце Делчев“, кај Соборен храм лево по булевар „Св.Климент Охридски“, АМСМ, кружен тек до Дом на печат
*во обратен правец од Дом на печат, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ врти лево по булевар „Св.Климент Охридски“, булевар „Гоце Делчев“, МНТ, улица „Кеј 13 Ноември“ кон Веро Џамбо и продолжува по својата редовна траса
Линија 24
*во правец од Кисела Вода кон Тафталиџе, од подвозникот десно кон Билна аптека, кај Тутунски комбинат лево по булевар „Крушевска Република“, НБРСМ, Југодрво, улица „Мирче Ацев“, МНТ, булевар „Гоце Делчев“, кај Соборен храм и продолжува по својата редовна траса
*во обратен правец, од булевар „Партизански одреди“ продолжува кон булевар „Гоце Делчев“, десно кон МНТ, улица „Кеј 13 Ноември“, Југодрво и продолжува по својата редовна траса
Линија 27
*во правец од Лисиче, од Југодрво врти десно по улица „Мирце Ацев“, МНТ, булевар „Гоце Делчев“ кај Соборен храм лево по булевар „Св.Климент Охридски“, АМСМ, кружен тек до Дом на печат
*во обратен правец од Дом на печат, улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ врти лево по булевар „Св.Климент Охридски“, булевар „Гоце Делчев“, МНТ, улица „Кеј 13 Ноември“ кон Веро Џамбо и продолжува по својата редовна траса
Линии 33 и 41А
*сообраќаат само до Транспортен центар
Линија 43
*во правец од Дом на печат, улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ врти лево по булевар „Св.Климент Охридски“, булевар „Гоце Делчев“, МНТ, улица „Кеј 13 Ноември“ кон Веро Џамбо, улица „Беласица“ и продолжува по својата редовна траса
*во обратен правец, од „Континентал“, улица „Беласица“, НБРСМ, Југодрво, МНТ, булевар „Гоце Делчев“, кај Соборен храм лево по булевар „Св.Климент Охридски“, АМСМ, кружен тек до Дом на печат
Линии 45, 52, 53, 54, 55, 55А, 62, 63, 63А, 65, 65Б, 65В, 66, 66А и 68
*од „Континентал“ по улица „Беласица“ до Транспортен центар
*посочениот режим важи и во обратна насока на сообраќање
Линија 50
*во правец од Хиподром, кај „Континентал“ врти по улица „Беласица“, НБРСМ, Југодрво, улица „Мирче Ацев“, „Холидеј ин“, улица „Кеј 13 Ноември“, Веро Џамбо и се враќа по улица „Беласица“
Линија 57
*во правец од Козле кон Радишани, од улица „Васил Ѓоргов“ пред Завод за вработување, врти лево кон улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по траса на линија 5, продолжува по булевар „Св.Климент Охридски“, булевар „Гоце Делчев“ оди на надвозник кај Стоковна куќа „Мост“, лево по улица „Лазар Личеновски“ околу Кале, булевар „Никола Карев“ и на детелинка Бит пазар продолжува по својата редовна траса
*во обратен правец, од детелинка Бит пазар, булевар „Никола Карев“, улица „Лазар Личеновски“ кон мост „Гоце Делчев“, кај Соборен храм лево по булевар „Св.Климент Охридски“, улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај Треска лево кон улица „Васил Ѓоргов“ и продолжува по својата редовна траса
Линија 73
*од Саем, по улица „Беласица“, НБРСМ кон Југодрво
*посочениот режим важи и во обратна насока на сообраќање
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект
Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект, објави на социјалните мрежи лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
„Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН.
Во оваа прилика, Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци“, соопшти Касами.
На состанокот на Собранието, како што вели, била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата.
„Членовите на собранието ја поддржаа мојата изјава дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега.
Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата.
Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за наша најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип“, додава Касами.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.

