Црна хроника
Починатото тело на Ангела било растргнато од животни
Според директорот на Судска медицина, д-р Алексеј Дума, починатото тело на исчезнатата Ангела Ѓорѓиовска било растргнато од животни и долг период изложено на атмосферски влијанија
„Не можам да бидам прецизен заради тоа што коските се со дефинитивни промени и врз основа на постморталните промени на малиот број на ковчиња кои што се најдени е невозможно да бидеме прецизни со точното време на умирање“ изјави професор доктор Алексеј Дума.Тој додава дека коските биле долго време изложени на атмосферски влијанија, на сонце, дожд, снег, влијанија на животни, на инсекти.Според Дума, по смртта телото било растргнато од животни. ДНК анализата потврдила дека татко на шестгодишната Ангела е Борче, покрај шпекулациите во јавноста дека тој и бил очув.Со ова завршува работата на судска медицина. Анализата му се предава на истражниот судија, кој треба да го утврди текот на понатамошната постапка.Остатоците од телото беа пронајдени пред две недели кај селото Пештани, по што веднаш беа земени примероци од родителите за споредба на ДНК профилот.Ангела Ѓорѓиоска од мариовско Дуње исчезна на 23 јули минатата година.
Види и: Пронајдените коски се од исчезнатата Ангела
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

