Македонија
Без струја делови на Кисела Вода, Центар и Карпош

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
Од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Томе Стефановски и Славка Димкова во нас. Драчево. ( Општина Кисела Вода )
Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. 166. ( Општина Центар )
Од 08:30 до 10:30 часот, корисниците од делови од улиците: Иван Цанкар, Бела Краина и Франц Месеснел во нас. Влае. ( Општина Карпош )
Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Петар Поп Арсов бр. 40. (Општина Центар )
Од 09:15 до 13:30 часот, корисниците од ул. Радика, зграда број 1 и ул. Огражден, згради број 1, 2 и 3. ( Општина Карпош )
Од 11:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Франц Прешерн. (Општина Карпош )
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За еден месец 161 казна за непрописно затемнети стакла на возилата

Во периодот од 01 до 30 септември, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на државата за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
При контролата санкционирани се 161 учесник во сообраќајот.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.
Македонија
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2025 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 06 Октомври 2025 година.
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
– 06.10.2025– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
– 07.10.2025– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Македонија
Нека си ги види Филипче „Фејсбук“ профилите и „Тик ток“ кампањата на негови соработници, па после нека глуми Мајка Тереза, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нека си ги види Филипче „Фејсбук“ профилите и „Тик ток“ кампањата на негови соработници, па после нека глуми Мајка Тереза, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
„Филипче денес имаше изјава на која не знаеме што да одговориме освен дека наликува на алиби на човек потонат во непринципиелни дилови и ветувања кон луѓе кои не може да ги одржи. Негативна кампања води токму СДСМ. Нашето потсетување на катастрофата на нивното владеење не е негативна кампања, туку сурова реалност која ја живеат сите граѓани. И ако мислат ќе заборавиме, а до пред 1 година беа на власт и направија масакр од државата со кражби и уништување на институциите и предавства, тогаш се излажале. Да дозволиме да ни глумат невини и нови ликови, со истите трикови како претходно кога ветуваа живот а сега ветуваат среќа, и кога очигледно се лицемерни и не се менуваат и сакаат да го излажат народот повторно, тоа нема да се случи. Нека си ги види Филипче Фејсбук профилите и Тик ток кампањата на негови соработници и луѓе кои ги плаќаат, каде најбрутални лаги и гадости пишуваат и измислуваат, па после нека глуми мајка Тереза“, се наведува во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа што Филипче зборува за МВР и разни наводни појави, наликува на алиби кое го договорил со својот ментор за да се задржи на функцијата.
„Ние во тоа не се мешаме освен дека ако има таква појава ја осудуваме, но сепак освен вакви панични изјави кога му стигнале последните анкети кои по наши информации го освестиле кај се наоѓа, почнува да бара алиби за да остане на тоа место. Веќе видено и познато сценарио. И народот го знае тоа. И ќе ги казни повторно затоа што не само што не се менуваат, туку упорно го потценуваат и навредуваат сопствениот народ. За неговата состојба говори и фактот што човекот се плаши збор да каже за Заев, до толку е заложник и испреплетен во нивни взаемни интереси и бизниси. Тоа само по себе е индикатор за се. И аларм за народот дека треба да ги казни. Македонија ќе победи и ќе се одбрани од истите трикови на СДС, кои ја доведоа до тешка состојба од која се трудиме да ја извлечеме“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.