Црна хроника
Седумгодишен штитеник од домот „11 Октомври“ најден мртов
Седумгодишно дете, штитеник на Домот за деца без родители „11 октомври“, е најдено мртво покрај пругата Скопје – Велес во скопското село Драчево, соопшти МВР
Телото на момчето го забележал случаен минувач вчера околу 10:30 часот, кој што веднаш пријавил во полиција.Од првичниот увид, на телото на момчето биле забележани сериозно повреди на главата и телото. Безживотното тело е предадено на обдукција, која треба да ги открие причините за смртта.Се претпоставува дека момчето било удрено од воз, но не се исклучува и друг вид на насилство.Седумгодишниот Мартин Тасев од Штип, кој бил заедно во домот со неговиот брат, бил пријавен за исчезнат на 18 -ти октомври.Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами вели дека детето избегало од основното училиште „Кочо Рацин“.За него е сомнително како дете од седум години, примено во Домот во септември, се одлучило да побегне од училиштето и да замине со воз во некој од градовите во Македонија.„За мене сомнително е, како тоа дете со седум и пол години примено во домот во септември, истото се одлучува да побегне од училиштето и одлучува да замине со воз за некој од градовите во Македонија од населбата Драчево. Јас сум од Куманово, да побара од мене да го носам, не би можел да знам. Многу ми е симптоматично тоа, како детето можело да замине за Драчево“ вели Бајрами.Тој ги повика истражните органи да ги испитаат сознанијата на братот на детето со кого заедно побегнале.„Истиот ден кога децата побегнале од институцијата ги однеле до училиштето каде требале да бидат до попладневните часови и потоа ги земаме од училиштето. Бегството се случило додека тие биле во училиште“ вели Бајрами.Во врска со случајот на седум ипол годишен штитеник на Домот за деца без родители, кој во петокот беше пронајден мртов, од Министерството за труд и социјална политика информираа дека истрагата што ја спровеле покажала дека несреќното дете заедно со неговиот брат на 18 ноември околу побегнале од наставата во основното училиште „Кочо Рацин“. За ова веднаш биле известени нивниот старател и директорот на Домот за деца без родители, коишто до надлежните органи го пријавиле нивното исчезнување. Поголемиот брат е пронајден од органите на полицијата на 22 ноември во Битола од каде бил повторно вратен во Домот за деца без родители и од каде што истиот ден повторно побегнал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

