Спорт
Маестрална партија на Ѓоковиќ – му се одмазди на Надал за финале на Ролан Гарос!
Новак Ѓоковиќ имаше совршена одмазда за минатогодишниот пораз во финалето на Ролан Гарос од Рафаел Надал, добивајќи ја петочната вечерна класика против Шпанецот во полуфиналето во Париз со 3:6/6:3/7:6(4)/6:2 за финале против грчката сензација Стефанос Циципас.
Ова е само трет пораз во кариерата на Надал на неговиот омилен терен, и значи дека нема да може да го помине Роџер Федерер со 20 гренд слем титули, додека светскиот број 1 ќе се бори за својата 19-та голема титула. Ова беше 58. меѓусебен дуел на двајцата најдобри тенисери на денешницата, и сега Ѓоковиќ има 30:28 предност.
Мечот започна фуриозно за Надал, кој направи предност од 5:0, за потоа да го освои сетот со 6:3, но Србинот се врати во одличниот втор сет за да израмни на 1:1. Третиот сет беше вистинска класика, во траење од 1 час и 31 минута, и Ѓоковиќ го доби во тај-брејк. Во четвртиот сет, Надал почна со брејк за 2:0 водство, за потоа Ѓоковиќ да врати и со два брејка да ја обезбеди неверојатната победа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шоу на Ел Каби против Астон Вила, Фиорентина во 91.минута го скрши Бриж
Во првите полуфинални натпревари на Конференциската лига, Олимпијакос победи со 4:2 против Астон Вила во Бирмингем, додека Фиорентина го совлада Клуб Бриж со 3:2. Реваншите се за седум дена во Грција и Белгија.
Олимпијакос одигра сензационално против Астон Вила, среде Бирмингем имаше двојно помал посед на топката, помалку шанси и помалку удари кон голот на противникот, но успеа да постигне четири гола.
Вистински херој е напаѓачот Ел Каби кој постигна хет-трик.
Ел Каби погоди во 16. минута, па во 29. минута, но впечатокот грчкиот тим го распиа во финишот на првиот дел, во 46.минута кога Воткинс го намали резултатот.
Тој гол донесе офанзива на Вила на почетокот на вториот дел, која ја материјализираше Дијаби.
Вториот гол на Вила не ги поремени играчите на Олимпијакос, набргу Ел Јаби од пенал во 56. минута погоди за 3:2, а Хезе иа ја врти предноста од два гола на црвено-белите од Пиреа.
Вила имаше шанса да го намали резултатот, но во 84. минута Даглас Луиз од пенал ја погоди стативата.
Фиорентина двапати имаше предност против Бриж. Сотил беше стрелец во петтата минута од играта, а израмни Ванакен од пенал во 17. минута. Белоти повторно и го врати водството на Фиорентина во 37. минута. Во продолжение Бриж остана со играч помалку во 61.минута, кога за само три минути Оњедика доби два жолти каротн.
Две минути по црвениот картон на Оњедика, Игор Тиаго го изедначи резултатот.
На крајот, сепак, Фиорентина сепак успеа да забележи победа. Голот за 3:2 го постигна Нзола во 91.минута.
Спорт
(Видео) ЛЕ: Баер зачекори во финалето, Аталанта избори реми во Марасеј
Баер Леверкузен победи на „Олимпико“, со што направи џиновски чекор кон пласманот во финалето на Лига Европа. На добар пат да му се придружи е и Аталанта која одигра нерешено со Олимпик во Марсеј.
Четата на Чаби Алонсо нема намера да запре, од почетокот на сезоната се уште нема пораз. Вечерва новиот шампион на Германија ја победи Рома во Рим со 2:0, во првиот полуфинален натпревар во Лига Европа.
„Фармацевтите“ водеа со 1:0 по првиот дел со голот на Вирц цо 28.минута, а победата ја потврди Андрих со спектакуларен гол во 73.минута.
На „Велодром“ во Марсеј сите дилеми околу конечниот резултат беа решени во првите 20 минути. Скамка и донесе предност на Аталанта во 11.минута, девет минути подоцна изедначи Мбемба.
Реванш натпревари на програмата се наредниот четврток.
Спорт
(Видео) Челси ги згасна сништата на Тотенхем за пласман во ЛШ
Челзи го победи Тотенхем со 2:0 во одложениот натпревар од 26. коло на англиската Премиер лига. Со овој пораз Тотенхем речиси остана без шанси да дојде до четвртото место и пласман во Лигата на шампионите. Тотенхем има седум бода помалку од Астон Вила на три кола до крајот на сезоната.
Челзи беше многу подобар тим во градското дерби, постигна голови на време и не им дозволи на Спарс да создаваат сериозни прилики. Во 24. минута Тревор Чалоба погоди со глава кога одлично реагираше на центаршутот на Конор Галагер.
До тој гол „сините“ имаа две шанси, а Тотенхем. Прво шанса пропушти Мудрик, а потоа Ромеро за Тотенхем.
Во вториот дел долго се чекаше на вистинска шанса. Во 72.минута Кол Палмер ја погоди пречката од слободен удар, а на топката налета Николас Џексон и го постигна вториот гол.