Скопје
Родени 752 новороденчиња во „Аеродром“ минатата година, Јована и Петар најчести имиња

Скопската Општина Аеродром минатата година доделила 752 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња, од кои 358 беа за машки деца, а 394 за женски деца.
Од нив 406 се првородени деца, а 280 се второродени. Во 58 семејства има трето дете, шест се четвртородени, а едно семејство има шест деца.За разлика од претходните години, минатата 2015 година најчесто име кое им било давано на девојчињата од територијата на Општина Аеродром е Јована, а кај момчињата Петар. Исто така, има и многу деца кои се крстени Михаил и Михаела, Ана и Јана, како и Марко и Лука. Меѓу новородените има и деца кои имаат ретки имиња како што се Миња, Мина, Делфина, Маркијан, Калист, Калија, Нестор, Василиј, Ѕвездан, Зафир…„Општина Аеродром искрено се радува на зголемениот број новороденчиња и на нивните семејства им честита за новиот член и истакнува дека и годинава продолжува со акцијата за доделување еднократна помош на секое семејство со новороденче во висина од 5.000 денари“, соопштуваат од Општината./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Санкционирани 𝟣𝟣𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.04. до 04.05.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 114 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
(Фото) Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на „Владимир Комаров“, прашува СДСМ Аеродром

„Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во Општина Аеродром е видлива буквално на секој чекор. Реконструкцијата на тротоарите на половина од улицата Владимир Комаров во Стар Аеродром никако да заврши. Повеќе од месец дена трае реконструкција на тротоари во должина од 450 метри во правец, на потегот од бул. Јане Сандански до бул. Васко Карангелевски“, велат од СДСМ Аеродром.
„За оваа реконструкција согласно договорот со изведувачот предвидени се 6,8 милиони денари и рок за реализација од 12 месеци.
Фактот што истовремено се реконструираат тротоарите од двете страни на улицата со несоодветна сигнализација за ограничување на движењето ја нарушува безбедноста пешаците кои секојдневно ја користат улицата.
Во текот на реконструкцијата на тротоарите на повеќе места видно е оштетен и коловозот што дополнително ја нарушува безбедноста при движењето на оваа улица.
Имајќи предвид дека се работи за исклучително фреквентна улица, јавно го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески:
Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на Владимир Комаров?
Дали Општина Аеродром ги има на сметка потребните 6,8 милиони денари за реконструкцијата на само половина од ул. Владимир Комаров?
Зошто во овој мандат не се реконструираат и тротоарите на другата половина од улицата, од бул. Јане Сандански до Железничка?
Пред 4 години покрај овие тротоари ветивте и велосипедска патека на истиот потег, каде исчезна ова ветување од општинските програми?
Нели е срамота тротоари од 450 метри во правец да се реконструираат повеќе од месец дена?
За споредба, во време СДСМ за само 2 недели заврши реконструкцијата на 4 коловозни ленти на бул. Димитрија Чуповски од Палома Бјанка до бул. Св. Климент Охридски.
Трпението на жителите на Аеродром е при крај. Дојде времето кога ВМРО-ДПМНЕ и Митески треба да си понесат одговорност за сопствената неспособност. На 4-годишното пустошење на Општина Аеродром мора да му се стави крај“, се наведува во соопштението на СДСМ Аеродром.
Македонија
Герасимовски: Македонскиот јазик е нашиот дом, да го негуваме, развиваме и пренесуваме за идните генерации

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, упатува честитка по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Во честитката, тој истакнува дека јазикот е нашиот дом, корен и завет.
„Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик. Гордо го славиме 5 Мај, денот кога македонската азбука беше озаконета и поставен темелот на нашиот јазичен идентитет. Јазикот е наш дом, наш корен и наш завет. Да го негуваме, развиваме и пренесуваме со љубов и посветеност, денес и за идните генерации. Македонскиот јазик заслужува да се слуша, чита и почитува, насекаде“, вели Герасимовски.