Регион
Српската полиција го претепала братот на Вучиќ

Припадниците на српската жандармерија го претепале Андреј Вучиќ, брат на премиерот Александар Вучиќ, и тројца припадници на обезбедувањето јави Танјуг, повикувајќи се на два независни извори.
Според неофицијални податоци, Андреј заедно со обезбедувањето, се обидел да го пробие полицискиот кордон на Славија, при што жандармите го нападнале и го претепале заедно со неговото обезбедување.
Премиерот Александар Вучиќ најавил вонредна прес конференција за 15.00 часот.
Претходно дел од медиумите јавија дека едно лице и се заканувало со автоматска пушка на полицијата, и по десетминутни преговори бил приведен заедно со неговите пријатели, како и дека главата му била раскрвавена, но беа наведени повеќе детали.
Не е познато дали овој инцидент има врска со Парадата на гордоста, која денеска се одржува во Белград, под силно обезбедување на полициските сили. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.