Спорт
Португалците ги „урнаа“ Унгарците, два гола и нови рекорди за Роналдо!

Актуелниот европски шампион, Португалија стигна до тешко извојувана 3:0 победа над Унгарија на преполната „Пушкаш арена“ во Будимпешта за важни три поени освоени за две минути во финишот на натпреварот.
Откако Унгарците се покажаа како незгоден противник во текот на целиот натпревар, а Кристијано Роналдо утна една совршена шанса во првото полувреме, резултатот беше 0:0 пред последните десет минути од мечот.
Откако прво не им беше досуден пенал за игра со рака, во 82. минута од натпреварот, Рафаел Гереиро со малку среќа успеа да го совлада Гулачи, за само две минути подоцна да биде досуден пенал за Кристијано Роналдо да зголеми на 2:0. Во 93. минута, Роналдо доби нова шанса пред унгарскиот гол за да ги постави конечните 3:0.
Ова беа 10. и 11. гол на Европските првенства за Роналдо, со што изби сам на вечната листа пред Мишел Платини (9 гола). Роналдо го игра рекордното петто ЕУРО, и сега има вкупно 106. гола во дресот на Португалија, со што се доближи на само три гола од вечниот рекорд на Али Даеи од Иран. За Португалија трите поени се многу важни, бидејќи се наоѓаат во „групата на смртта“ покрај Франција и Германија, кои вечерва во 21 часот ќе играат во дербито.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-50060-26542”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.