Македонија
Општина Центар: Нема основи за суспензија на деталните урбанистички планови

Општина Центар соопшти дека по добивањето на мислењето од Министерството за транспорт и врски за поднесените елаборати за суспензија на плановите, нема оснои за суспензија на деталните урбанистички планови.
„ Постапувајќи по Заклучок на Советот на Општина Центар, општината до Министерството за транспорт и врски достави вкупно 11 елаборати за 22 плански опфати, изработени од општинската Комисија за урбанизам. Комисијата за урбанизам на Општина Центар е истатата комисија која со свои предлози и досега учествуваше во минатите активности поврзани со суспензијата на ДУП-овите во Општина Центар.
Според мислењето добиено од Министерството за транспорт и врски, поднесените елаборати не се во согласност со членот 23, став 5 од Законот за урбанистичко планирање, кој го цитира како единствен правен основ за суспензија на план.
Општинската комисија за урбанизам ги изготвуваше елаборатите со врз основ на членот 35 од Законот за урбанистичко планирање, кој ја обработува неусогласеноста на урбанистичките планови и каде се наброени причините по кои може да се суспендира план, што Министерството го отфрли како неоснован“ наведе општината.
Во елаборатите кои Општина Центар ги достави до Министерството за транспорт и врски наведени се несовпаѓањата на параметрите на ДУП-овите со Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје 2012-2022.
„ Во мислењето добиено од Министерството за транспорт и врски се наведува дека параметрите кои се во линиските центри со намена А,Б и В се неограничени и не влегуваат во билансите, со што тој аргумент ни беше побиен. Во однос на неусогласувањето на регулационите линии на ГУП со ДУП, во Мислењето стои дека со тоа не се прави штета на јавниот интерес и дека во елаборатите никаде не е утврдена штета на јавниот интерес, со што Општина Центар нема основ за суспензија на плановите“ објаснуваат од Општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски за изјавите дека УЧК имала праведна борба: Не може убиства од заседа да се праведна борба, нека не се игра на картите на ДУИ за поделби

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во текот на денешната посета на општина Петровец, на новинарско прашање беше запрашан за коментар на изјавата на вицепремиерот Изет Меџити за оправданата и разумна борба на ОНА во Македонија во текот на конфликтот во 2001 година.
„Ја слушнав таа изјава и тука апсолутно имаме различни гледишта на работите. Не може да биде апсолутно разумна и праведна, а од заседа да се убиваат припадници на министерството за внатрешни работи и министерството за одбрана.
Но повторно ќе кажам, тоа се теми кои се дел од минатото, затворени со Рамковниот договор, а со последните законски измени, конкретно законот за правична застапеност, којшто е во Венецијанската Комисија, тој е затворен. Нашиот фокус како Влада е иднината. Тоа е она што ние сакаме да го видиме. Ова се теми кои се затворени и јас апелирам до сите разумни политичари да не играат на картата на ДУИ и на оние кои сакаат да не вратат 25 години назад“, одговори Мицкоски.
Премиерот посочи дека суштината е да се работи на полето на носење на инвестиции со цел државата да се направи подобро место за живеење на сите граѓани.
„Ова е оската околу која треба да се обединиме. Ќе повторам, да ги оставиме политичарите коишто делеа во минатото. Тие немаат тема на иднината. Тие не знаат што е иднина. Тие се заглавени во сопствената матрица на минатото. Погледнете, 14-15 месеци опозиција, единствената порака која доаѓа од ДУИ, заедно со коалиционите партнери СДСМ и Левица, е токму тоа, поделба. Затоа апелирам до сите да се воздржиме од било какви теми коишто не враќаат назад во минатото, да гледаме кон теми во иднината. Инаку апсолутно тука различно ги гледаме работите, не може некој којшто од заседа кукавички одземал животи, да биде праведна и чесна војна, барем во Македонија, не коментирам за соседството“, заклучи премиерот.
Македонија
(Видео) Мицкоски на увид на три проекти: Со одлична динамика се реализираат проектите

„За мене претставува задоволство кога ќе можеме да направиме увид на градежни работи коишто се случуваат на целата територија на државата, тоа е многу важно, бидејќи сепак тоа се проекти коишто наскоро ќе бидат завршени и ќе бидат ставени во функција. Без разлика дали станува збор за спортска сала, дали станува збор за водоводни или канализациони системи, за нови локални, регионални патишта, сето тоа претставува дел од онаа наша цел и заложба како Влада да додадеме вредност во квалитетот на животот на македонските граѓани“, рече премиерот Христијан Мицкоски.
„Јас му честитам на градоначалникот бидејќи гледам дека со одлична динамика во општина Петровец се развиваат проектите. Од тука продолжуваме и на друго место да направиме увид во проекти коишто се дел од програмата на Владата којашто ги финансира тие проекти преку соодветните министерства.
Самиот градоначалник кажа дека тие се дел преку Министерството за транспорт, дел преку други министерства, така што многу е важно да бидеме присутни, континуирано да вршиме мониторинг, увид во работите коишто се завршуваат, бидејќи наскоро од денес сите овие работи ќе имаат корисници и тоа е добро. Добро е кога се гради, кога се развива, јас само сакам да продолжиме во таа насока и ние како Влада, но и градоначалниците до крајот на овој мандат и понатаму сите оние градоначалници коишто ќе ја добијат довербата на локалните избори.
Силно верувам дека најголемиот дел од тие градоначалници ќе бидат од моменталната владина коалиција, ќе продолжиме да ги развиваме општините онаму каде што претходната владина коалиција и Влада не успеа, бидејќи кај нив филозофијата беше подобро да крадат, отколку да градат. Но, кај нас филозофијата е спротивна-да градиме, наместо да правиме работи коишто не се добри“, додаде Мицкоски.
Македонија
(Фото) Нови подови за спорт во Аеродром

Во пресрет на почетокот на новата учебна година во спортската сала „Марко Божиновски“ и на спортското игралиште во основното училиште „Лазо Ангеловски“ целосно се заменуваат подовите со нова нелизгачка спортска подлогa, известуваат од општина Аеродром.
Целта на оваа активност е да се подобри спортската инфраструктура и да се создадат побезбедни услови за спортување на учениците во Ново Лисиче, велат од Општината.
„Со инвестициите во спортската инфраструктура обезбедуваме подобри и побезбедни услови за нашите ученици и млади спортисти. Верувам дека новите сали ќе бидат место каде што ќе се раѓаат нови успеси и спортски пријателства. Нашите деца заслужуваат најдобри услови за спорт“, изјави в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кој денеска беше на увид во активностите.