Црна хроника
„Детонатор“ затвори и дискотека во Крива Паланка-приведени деветмина
Во рамките на полициската акција „Детонатор“, кумановската полиција, во соработка со претставници од Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат од Куманово доцна синоќа ја затворија дискотеката „Чарли стил“ во Крива Паланка, соопшти МВР.
Поради кршење, карање и викање при вршењето на контролата, полицијата привела девет лица.
Претставниците од Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат констатирале неправилности во работењето на дискотеката „Чарли Стил“.
Дискотеката е времено затворена, изречени се глоби и ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ќе биде поднесена и прекршочна пријава за присуство на малолетници по 24 часот./крај/мвр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.