Црна хроника
176 возачи возеле под дејство на алкохол

Синоќа (19/20.06.2021) од 22.00 часот до 03.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 176 возачи. Тие се веднаш исклучени од сообраќај и изречени им се соодветни санкции. Најголем број на возачи кои управувале возило под дејство на алкохол имало во Скопје-44, СВР Битола-24, СВР Штип-18, СВР Охрид-17…
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ограбена жена на улица среде бел ден во Центар

Крадци нападнале и ограбиле жена на улица на подрачјето на центарот на Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, Н.Ѓ.(38) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице ѝ го попречило патот, а друго лице физички ја нападнало, при што ѝ одзело личен накит.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Татко пријавил дека малолетник извршил обљуба врз син му во Карпош

Татко пријавил дека малолетник извршил обљуба врз неговиот 14-годишен син на подрачјето на скопската населба Карпош.
Според информациите на МВР, вчера во 20.00 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека на 12.05.2025 на подрачјето на Карпош во Скопје, еден малолетник со закана и употреба на сила извршил обљуба врз неговиот 14 – годишен син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Автомобил удри во бандера во Скопско, возачот загина

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер на регионалниот пат Драчево-Катланово, во атар на с.Морани.
Според информациите на МВР, автомобил „фолксваген бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(27) од с.Студеничани, скопско, удрило во рефлектирачко столбче на патот, ограда и во бандера која паднала врз возилото.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Додека со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Џ.Т.(22) од с.Студеничани, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.