Спорт
Селекторот Ангеловски e во Б-планот на Фенербахче?

Македонскиот селектор, Игор Ангеловски е еден од кандидатите за тренерското место во Фенербахче, тврди турскиот „Хуриет“, кој посочува дека турскиот клуб ќе изврши интервјуа со повеќе тренери, пред да изненади со изборот.
Последни нови кандидати за ова место по хрватскиот селектор Златко Далиќ се неговиот сонародник, Славен Билиќ, Ангеловски и Криштоф Даум.
Билиќ откако доби отказ од Вест Бромвич Албион минатата година, од јануари работи со кинескиот Беижинг Гуоан, со кои има договор до декември 2022, што е најголема пречка за неговото поставување. Б-планот се Ангеловски и поранешниот тренер на Фенер, Криштоф Даум.
Fenerbahçe, Serdar Dursun transferindeki gizli operasyonu yeni teknik direktörü konusunda da yürütüyor.
Birçok isimle görüşen Sarı-lacivertlilerin listesine son olarak Slaven Bilic, Igor Angelovski girdi.
B planı ise Cristoph Daum
via @suleymanarat https://t.co/Gq672uZvFn pic.twitter.com/RKhvPZn7dP
— Spor Arena (@sporarena) June 20, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Италија без Синер ќе ја брани титулата во Дејвис купот

Четирикратниот шампион на Гренд слем турнирите, Јаник Синер, нема да биде дел од италијанската репрезентација на финалето турнир на Дејвис купот во Болоња.
Со денови се шпекулираше дека вториот тенисер во светот ќе го прескокне споменатото натпреварување, а во понеделник беше потврдено дека нема да биде во националниот тим.
„Синер не го потврди учеството во Дејвис купот. Дејвис купот беше и секогаш ќе биде негов дом и сигурен сум дека наскоро ќе се врати во тимот. Во меѓувреме, имам тим подготвен да се бори и да даде сè за синиот дрес. Болоња ќе биде уште една возбудлива авантура. Ги познавам овие момци и сигурен сум дека иднината ќе ни донесе големо задоволство“, рече Филипо Воландри, тренер на италијанската репрезентација.
Италија го брани трофејот освоен минатата година, а Воландри ги повика Лоренцо Мусети (осми на АТП листата), Флавио Коболи (22), Матео Беретини (59), Симоне Болели (14-ти во двојки) и Андреа Вавасори (15-ти во двојки).
Фајнал Ејт турнирот в Дејвис купот ќе се одржи од 18 до 23 ноември, а Италија ќе се сретне со Австрија во четвртфиналето. Преостанатите двојки се: Франција – Белгија, Шпанија – Чешка и Аргентина – Германија.
Пред неколку дена, Синер го победи Карлос Алкараз во финалето на егзибицискиот турнир во Ријад и се врати од Саудиска Арабија со неверојатни шест милиони долари.
Foto/ EPA
Спорт
Ништо од Џерард, Рол ќе го предводи Глазгов Ренџерс

Шкотскиот великан Глазгов Ренџерс го назначи Дени Рол за нов тренер.
На 5 октомври, Ренџерс го отпуштија тренерот Расел Мартин по 17 натпревари и го доведоа Рол, кој потпиша договор на две и пол години.
„Ова е огромна привилегија во неверојатен клуб, познат низ целиот свет. Знам дека почетокот на сезоната беше тежок, но има многу да се игра. Очекувањата се јасни, навивачите сега сакаат да видат резултати, мојот менталитет и искуство е дека размислувам потполно на ист начин“, рече 36-годишниот германски тренер.
Ренџерс се шести на табелата со една победа од осум натпревари и ќе играат против Бран во Лигата на Европа во четврток.
Рол го водеше Шефилд Венздеј од октомври 2023 година до јули оваа година, а пред тоа работеше како помошник тренер во Лајпциг, Саутемптон и Баерн Минхен.
Спорт
Еди Хау: Му се восхитувам на Мурињо, тој е визионер

Њукасл ќе игра против Бенфика во Лигата на шампионите во вторник (21:00 часот), а пред тој дуел Еди Хау на прес-конференцијата зборуваше за Жозе Мурињо, човекот кој двапати ја освои Лигата на шампионите.
Хау рече дека за Мурињо е еден од најдобрите тренери на сите времиња и дека имал големо влијание врз него.
„Тој е некој кого го почитувам неизмерно, играв против него и претходно во Премиер лигата. Кога бев млад менаџер, навистина се восхитував на она што го изгради во Челзи“, рече Хау.
„Мурињо дефинитивно е визионер, некој што покажа како може да се прават работите на различни начини, а потоа го повтори успехот во различни клубови и во различни првенства. Навистина е неверојатно што се постигнал во својата кариера“, беше искрен Еди Хау.
Мурињо постојано се опишува себеси како „мала страчка“, алудирајќи на неговата врска со поранешниот менаџер на Њукасл, Сер Боби Робсон, чија „сенка“ беше во Спортинг, Порто и Барселона како преведувач и асистент.
Низ годините, Мурињо секогаш зборувал добро за Њукасл, а истото беше и пред овој натпревар кога повтори дека „го сака Њукасл“.