Контакт

Екологија

Монт Еверест претворен во ’фекална бомба’

Објавено пред

Човечкиот измет што со децении се таложи на највисоката планина на светот, го претвори 8.848 метри високиот Монт Еверест во „фекална бомба која само што не експлодирала“, а заканата од избивање на болест на „покривот на светот“ е многу сериозна.

dobivaj vesti na viber

 

 

Ова го соопшти претседателот на Непалскиот планинарски сојуз Анг Шеринг, наведувајќи дека за време на сезоната на искачување секоја година на планината се оставаат дури 12 тони фекалии.

 

Повеќе од 700 алпинисти, туристи и високогорски водичи од редовите на Шерпасите, кои секоја година поминуваат повеќе од два месеца на падините на Еверест за време на сезоната на качување, оставаат зад себе големи количества измет и урина, а тој проблем никако да се реши, бидејќи дури минатата година беше донесен пропис кој налага дека ниту еден планинар од планината не смее да се врати без осум килограми смет, вклучително и горенаведеното.

 

Непалската влада има намера да ги заостри прописите за да се исчисти планината и да се врати во состојба на чиста снежна белина, во времето пред Едмунд Хилари и шерпасот Тензинг Норгај првпат да стапнат на врвот на Еверест во 1953 година.

 

Првите планинари беа фасцинирани од „најсамотното место на светот, ледената пустина без кислород сместена на речиси 9.000 метри“, чии површини секоја година се позагадени за 12 тони човечки измет и урина. Тој „посебен товар“ воглавно го собираат висинските носачи кои во вреќи ги пренесуваат во ископани јами во близина на замрзнатото езеро Горак Шип и истоименото село на 4900 метри надморска височина.

 

Стотина странски алпинисти се обидуваат секоја пролет и есен да го освојат Еверест, а единствено минатогодишната сезона беше одложена заради загинувањето на 16 Шерпаси во лавина, што алармираше за друг проблем – комерцијализација на качувањето и следствено на тоа, огромен број луѓе на вообичаените рути кон врвот, преку североисточниот и југоисточниот срт. Овие стандардни рути, покрај што се најфреквентни, станаа и многу загадени.

 

Имено, во последните 62 години, повеќе од 4000 луѓе се искачија на врвот, стотина не успеаја во потфатот, а сите тие со помош на висинските носачи носеа стотина килограми опрема од која поголем дел остана на планината, вечно окована со мраз и снег. Покарј тоа, како ’сувенир’ останаа и фекалиите, а не е реткост често да се налета и на телото на некој планинар што го загубил животот за време на потфатот.

 

Планинарите што сакаат да го освојат Еверест просечно поминуваат по два месеца на планината, аклиматизирајќи се цело време, како напредуваат од базниот до јуришниот логор, а потоа кон врвот. Најголем метеж, а со тоа и загадување, е околу базниот логор, но тој смет е полесно да се транспортира во долината. На висинските логори планинарите не користат подвижни тоалети, туку нуждата ја вршат во отвори во снегот, а изметот и урината таму остануваат трајно.

 

„Освен нагрдувањето на една чудесно убава планина, тоа стана и здравствена закана“, истакнува Шеринг. Непалската влада одлучи на почетокот на оваа сезона строго да ги надгледува експедициите и нивната грижа за отпадот, а сите како гаранција пред искачувањето ќе мораат да уплатат 4.000 долари депозит.

 

Од 2008 година за хигиената на Еверест се грижат доброволци, учесници во експедициите на кои единствена цел им е отстранување на сметот, од празна амбалажа за кислород, до фекалии. Колку ситуацијата е сериозна, истакнува швајцарскиот алпинист Уели Штек, кој признава дека од страв од труење, повеќе не го преварува снегот за вода во логорот бидејќи се плаши дека пониската температура на вриење на таа височина нема да ги убие бактериите.

 

Група непалски уметници неодамна собра 1,5 тони смет што од Еверест го донеле планинарите, вклучувајќи и делови на урнат хеликоптер, и тој смет го преобликувале во 74 уметнички дела. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Екологија

Час за планетата Земја: Исклучете ги светлата точно во 20.30 часот

Објавено пред

Во рамките на кампањата „Часот на планетата Земја“ ширум светот, од 20:30 до 21:30 часот ќе биде исклучено светлото, јавното и украсното осветлување на еден час. Ова е една од најголемите планетарни иницијативи за зачувување на природата и животната средина, која е поддржана од 190 земји.

dobivaj vesti na viber

Акцијата „Час на планетата“ започна во Сиднеј во 2007 година и секоја година добиваше се поголема поддршка низ светот. Еден час се исклучува јавното осветлување каде што е можно, украсното осветлување, се гасат светилките во компаниите, како и во домаќинствата.

Се проценува дека во тој час светот заштедува од 10 до 12 проценти од електричната енергија. Акцијата повикува на рационална потрошувачка на енергија, но целта на вклучувањето во акција е многу поширока. Пораката е да се сврти вниманието кон потрошувачката на природните ресурси.

Од Светската организација за природа истакнуваат дека и годинава нема многу отстапување од минатогодишниот концепт. Светската организација за заштита на природата располага со податоци за состојбата со природните ресурси, флората и фауната. А тие податоци се загрижувачки. Природните ресурси што планетата ги обновува за да ги користиме за период од една година, ние ги трошиме уште во првата половина од годината.

За тоа сведочи нашиот пристап кон природата, девастацијата на шумите, трошењето вода, сето тоа за да ја претвориме земјата во земјоделско земјиште и да добиеме храна. Потоа фрламе околу 40 отсто од храната произведена во светот.

Решенијата се во човекот и треба да почнеме да размислуваме за тоа дека оваа планета треба да им ја оставиме на генерациите што доаѓаат и да се однесуваме поодговорно. Да почнеме да размислуваме дека не сме единствените на планетата, е пораката на оваа глобална акција.

Прикажи повеќе...

Екологија

Јапонија воведува билети за искачување на планината Фуџи

Објавено пред

Почнувајќи од ова лето, посетителите на планината Фуџи ќе треба да платат за да пешачат една од маршрутите нагоре по познатата планина.

dobivaj vesti na viber

Јапонската влада одлучи да воведе нови ограничувања за посетителите на една од нејзините главни атракции во обид да го заштити местото од прекумерен туризам.

Планината Фуџи доживеа бум во бројот на посетители, што со себе донесе загриженост за прекумерното количество фрлено ѓубре и загрозената безбедност на планинарите. За да помогнат во чистењето на планината и зачувување на нејзината животна средина, јапонските власти воведоа такса и дневна капа за посетителите долж најпопуларната патека.

Почнувајќи од ова лето, поточно на 1 јули 2024 година, посетителите на планината Фуџи ќе мора да платат за да пешачат една од маршрутите долж познатата планина. Патеката Јошида е најпопуларното искачување поради неговиот лесен пристап од Токио и зачестеноста на планинските колиби на патот кои нудат сместување и оброци.

Јапонската префектурална влада Јаманаши, која ги надгледува планинарските активности на светското наследство на УНЕСКО, сметаше дека е неопходно да воведе патарина за заштита на животната средина. Исто така, со цел да се намали гужвата, ќе се применува дневен лимит на бројот на луѓе на кои им е дозволено да се искачуваат на планината преку патеката Јошида.

Ќе бидат дозволени 4.000 планинари дневно. 70 дена во годината, колку трае летната сезона на качување. Дополнително, забрането ќе биде искачувањето на планината во периодот од 16:00 до 02:00 часот.

Според извештаите од јапонската влада, патеката Јошида минатата година забележала „невиден број“ планинари, а сличен број се очекува и оваа година. Во 2023 година вкупно 221.322 планинари се искачиле на планината Фуџи, а повеќе од половина одлучиле да го користат самата патека.Јошида.

Зголемувањето на бројот на посетители доведе до таложење на фрлено ѓубре покрај патеката, како и до сообраќаен метеж што резултираше со несреќи и повреди. Исто така, постои загриженост за неискусните планинари кои се обидуваат да ја поминат патеката и се наоѓаат во тешкотии во близина на врвот каде што има помалку капацитети.

Официјалните лица се уште не откриваат колкава ќе биде таксата, но велат дека сумата ќе биде објавена наскоро. Планот е да се постави капија на влезот на патеката Јошида каде ќе се наплаќаат патарини. Властите велат дека приходите ќе бидат искористени за изградба на засолништа долж патеката за употреба во случај на вулканска ерупција и за одржување на патеката за пешачење.

Од 2014 година, планинарите кои се искачуваат на планината Фуџи преку која било од нејзините рути се охрабруваат доброволно да платат 1.000 јуани (6,2 евра) по лице за да го зачуваат местото.

Оваа популарна рута започнува на петтата станица на Фуџи Субару, обезбедувајќи пристапен почеток на авантурата. Патувањето до врвот на планината обично трае помеѓу пет и седум часа и се протега на околу шест километри, што ја прави оваа патека совршена за оние кои бараат предизвик, но и достапна за широк спектар на планинари.

Искачувањето до планината Фуџи е особено магично поради можноста да се доживее изгрејсонцето од врвот, што многумина го сметаат за врв на нивната посета. По должината на патеката, планинарите можат да се восхитуваат на бројни светилишта и симболи на јапонската култура, уживајќи во комбинацијата на природни чуда и културно наследство. Глетките од планината се спектакуларни, особено погледот кон кратерот и околните пејзажи.

По исцрпувачкото, но задоволувачко искачување, планинарите често се релаксираат во локалните ресторани каде што можат да пробаат традиционални јапонски јадења, како и термални бањи кои се совршени за обновување на мускулите. Пешачењето на планината Фуџи преку патеката Јошида е искуство кое комбинира физички предизвик, духовно збогатување и интимно искуство со природата, оставајќи траен впечаток на секој што ќе се осмели да се впушти во оваа авантура.

Прикажи повеќе...

Екологија

Инфлуенсери копаат по контејнери и го продаваат пронајденото

Објавено пред

Иако за многу луѓе ширум светот копањето по контејнери е единствениот начин да преживеат, се чини дека на социјалните мрежи се појави нов феномен каде што се поголем број на инфлуенсери „копаат“ во контејнери – а тоа е тренд познат како „дампсер дајвинг“ (нуркање на контејнери).

dobivaj vesti na viber

Овој тренд се однесува на луѓе, главно инфлуенсери кои откако ќе „копаат“ низ контејнерите, покажуваат што пронашле во нив – од козметика до дизајнерски работи.

На социјалната мрежа ТикТок има голем број видеа во кои корисниците влегуваат во контејнери зад големи продавници во потрага по употребливи предмети. И хаштагот #DumpsterDiving има повеќе од 4,4 милијарди прегледи на ТикТок, што дополнително ја потврдува неговата популарност.

Иако поголемиот дел од таквите инфлуенсери денес живеат со препродажба на овие артикли, тие дури ја подигнуваат свеста за непотребното создавање отпад, бидејќи различните малопродажни корпорации секојдневно уништуваат стотици илјади употребливи производи.

Тифани Шири, ТикТокерка од Тексас од Америка, има три милиони следбеници на кои им ги покажува своите пребарувања по работи во контејнерите зад американските продавници за малопродажба. Почнала да „нурка во контејнер“ на крајот на 2017 година, а токму тогаш пронашла шминка и разни производи вредни 1.200 долари. Набрзо сфатила дека ваквото хоби може да ѝ донесе огромен профит – а останатото е историја. Таа моментално со овој тренд заработува и до 1.000 долари неделно, а благодарение на препродажбата на пронајдените производи, Тифани живее удобен живот.

Солти Стела е уште една ТикТокерка, која моментално има повеќе од 1,2 милиони следбеници. Живее и од препродажба на предмети од контејнери, но многу е лута што ја фрла употребливата храна. Од сокови, грицки, супи, тестенини и газирани пијалоци, често сите во еден контејнер.

Ана Сакс, Тиктокерка од Њујорк, која има повеќе од 400.000 следбеници, на платформата е позната како „Трешвокер“. Таа често споделува видеа од фрлени производи што ги наоѓа, а често наоѓа дизајнерски чанти, скапи палта, фотоапарати и козметика за жени.

Таа често привлекува внимание на отпадот во нејзиниот град и им предлага на сите на интернет да донираат или рециклираат стоки наместо да ги фрлаат. Таа повика и на создавање закон со кој продавниците ќе се обврзат да не ги фрлаат средствата за хигиена, туку да ги донираат во прифатилишта за бездомници.

Трендот „Dampster diving“ е легален во Америка, па затоа е одржлива практика која не само што заработува пари, туку и го намалува отпадот. Со споделување на нивните искуства поврзани со овој тренд, инфлуенсерите ги инспирираат другите да размислуваат за влијанието на нивната потрошувачка и навики врз животната средина.

Сепак, важно е да се напомене дека „Dampster diving“ не е решение за горливиот проблем со отпадот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ12 часа

Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип. Во несреќата е...

Македонија12 часа

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало...

Регион14 часа

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...

Македонија18 часа

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија19 часа

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија21 час

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија22 часа

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Македонија23 часа

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет1 ден

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа1 ден

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет1 ден

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија1 ден

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија2 дена

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија2 дена

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија2 дена

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија2 дена

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија2 дена

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија2 дена

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет2 дена

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет2 дена

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...