Европа
Јункер: Ова е Комисија на „последната шанса“
Новата Европска комисија, којашто во средата ја доби поддршката на Европскиот парламент, е Комисија на „последната шанса“, којашто мора да ја приближи Европската унија на нејзините граѓани и да ги реши нивните најитни проблеми, изјави нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер.
Новата Европска комисија, којашто во средата ја доби поддршката на Европскиот парламент, е Комисија на „последната шанса“, којашто мора да ја приближи Европската унија на нејзините граѓани и да ги реши нивните најитни проблеми, изјави нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер.
„Оваа Комисија ќе биде Комисија на последната шанса. Или ќе успееме да ја приближиме ЕУ на нејзини граѓани, драконски да го намали нивното на невработеноста и да им даде европска перспективна на младите или ќе пропаднеме“, изјави Јункер.
Новиот состав на Европската комисијата којашто ќе ја предводи Жан-Клод Јункер беше изгласан во средата на пленарната седмица на Европскиот парламент во Стразбур и ќе ја преземе должноста на 1-ви ноември. Во гласањето учествуваа 699 пратеници од Европскиот парламент од кои за комисијата на Јункер гласаа 423 пратеници, 209 беа против а 67 воздржани. За споредба, составот на првата комисија на Жозе Мануел Баросо, во периодот од 2004 до 2009 година, гласаа 449 пратеници, 149 беа против и 82 воздржани. За втората комисија на Баросо, пак, гласа 488 пратеници, 137 беа против и 72 беа воздржани.
На конференцијата за медиумите поп гласањето, Јункер беше замолен да го коментира фактот дека неговата комисија доби помалку гласови од онаа на Баросо, „Вие се шегувате. Овој состав на Парламентот не може да се спореди со претходните состави, бидејќи денес има многу повеќе евроскептици и еврофоби“, изјави. Од 751 пратеник во Европскиот парламент, околу 170 можат да се вбројат во евроскептиците и еврофобите.
„Претседателот на новата Европска комисија ќе има најголем можен политички легитимитет Денес неговиот тим доби поддршка од големо мнозинство во парламентот, а неговото именување е директен резултат на изборите за Европскиот парламент“, истакна веднаш по гласањето претседателот на ЕО, Мартин Шулц.
Поддршка новата Европска комисија доби од три политички групации, Европската народна партија, од Социјалистите и демократите и од либералите. Меѓутоа, јасно е дека не сите пратеници од овие три пратенички групи гласаа за комисијата, бидејќи заедно имаа вкупно 480 мандати.
Јункер претходно во средата во својот говор во Европскиот парламент повика да биде постигнат договор во Европската унија за новата структура којашто ќе почива на три столба.
„Време е да започнеме да преговараме за да постигнеме широк и вистински договор во чии рамки големата коалиција од земји и главните политички партии заедно ќе работи на изработка на новата структура на три столба:: структурни реформи, буџетската веродостојност и инвестициите.“, изјави Јункер во своето обраќање пред пратениците во ЕП пред гласањето.
Во својот говор ги изнесе контурите на програмата на новата ЕК. Според Јункер, одговорите на сегашните економски предизвици не треба да се бараат одозгора надолу. „Не верувам во чуда. Нема во Брисел проектили на наведување ниту копче за раст коешто треба да биде само притиснато. Структурните реформи, фискалната веродостојност и инвестициите на национални ниво и на ниво на ЕИ мораат да одат рака подрака“, рече Јункер.
Истакна дека инвестициите во ЕУ од 2007 година паднале за повеќе од 500 милијарди евра или за 20 отсто. „соочени сме со недостиг од инвестиции кој мораме да ги надвладееме“, додаде Јункер. Истакна дека до божикните празници ќе го претстави инвестицискиот пакет во износ од 300 милијарди евра за да се поттикнат инвестициите во раст, вработувањето и конкурентноста.
„Време е да вдахнеме нов живот во европскиот проект во моментот го граѓаните ја губат довербата, кога екстремистите и од лево и од десно ни душат во тилот, а нашите конкуренти не престигнуваат. Нé очекуваат големи предизвици, а на нас останува да ги обликуваме. Доколку сакаме да играме улога во иднината, мораме да ја играме сега. На нас лежи да осигуриме дека европскиот социјален модел ќе биде видлив од секој наш потег, бидејќи Европа е заеднички штит за сите оние коишто ја имаа среќата да му припаѓаа на овој прекрасен континент“, истакна новиот челник на Европската комисија.
Јункер во својот говор ги запозна пртениците со промените во неговата комисија до кои морало да дојде по сослушувањето на сите кандидати за еврокомесари пред надлежните комисии.
Така, соопшти дека првиот потпретседател на ЕК, Франс Тимерманс, дополнително да го задолжи за одржлив развој, покрај неговите претходни задолженија за подобрување на законодавството, владеењето на правото, меѓуинституционалните односи и основните права.
Од неговиот првично предложен тим испадна поранешната премиерка на Словенија, Аленка Братушек, која беше предложена за потпретседателка на енергетската унија. На нејзино место е именуван Словакот Марош Шефович, кој претходно беше предвиден за еврокомесар за сообраќај и космос.
Ресорот на сообраќај го доби Словенката Виолета Булц, додека прашањата во врска со истражувањата во Вселената, меѓу кои спаѓаат и многу важниот европски сателитски систем „Галилео“, припадна на Полјачката Елжниета Биенковска, еврокомесарка за внатрешен пазар, индустрија, претприемништво и мали и средни претпријатија.
Унгарскиот комесар Тибор Наврачиш, кој беше задолжен за образование, култура, млади и државјанство, одземено му е прашањето на државјанствата и му е предадено на грчкиот еврокомесар Димитрис Адвамопулос, кои е задолжен за миграции и внатрешни работи.
Јункер ги уважи и барањата на европарламентарците медицинските и фармацевтските производи да останат под надлежноста на Општата управа за здравство. Првично беше предвидено оваа област да и’ припадне на Општата управа за индустрија и претприемништво, но сега ќе биде под заедничка надлежноста на двете управи. „Како и вие, мислам дека лековите не се стока како и секоја друга“, рече.
Европската комисија што ќе ја предводи Јункер ќе има сосема поинаква структура во однос на претходните. Голема улога во неа ќе имаат седум потпретседатели. Тие Ќе бидат на челото на проектните тимови и ниеден предлог на еврокомесар нема да може да биде ставен на дневен ред без согласност на надлежниот потпретседател. „Со новата структура на Комисијата, нахголем губитник сум јас, бидејќи пренесов премногу овластувања на потпретседателите“, се шегуваше Јункер.
Во новата ЕК, како и во претходната, ќе има девет жени, што сепак многу пратеници во европскиот парламент го оценуваат како премалку. Јункер изјави дека неговата земја, Луксембург, во последните 15 години трипати предлагаше жени. „Овојпат испрати маж, а следниот пат сигурен сум дека ќе биде жена“, рече Јункер, додавајќи дека сега останало премалку време за да се промени полот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби
Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка критика кон претседателот Володимир Зеленски додека се обидува да ги реорганизира клучните сектори во критичен момент од војната со Русија.
Шмихал, кој беше премиер пет години пред да биде преместен во Министерството за одбрана минатата година, беше назначен од Зеленски да го води енергетскиот сектор потресен од обвинувања за корупција и руски напади врз инфраструктурата.
Последната постојана министерка за енергетика беше отпуштена минатата година поради корупциски скандал во кој беше вклучен нејзиниот претходник.
За номинацијата на Шмихал беа потребни 226 гласови за да биде одобрена. 210 гласаа „за“, а три опозициски партии беа воздржани.
Шмихал беше номиниран како дел од големата реконструкција на кабинетот, додека Киев се соочува со растечки руски притисок во војната што влегува во својата петта година следниот месец.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.

