Црна хроника
МВР испитува 15 свои колеги од Кочани

Полицајци и инспектори од Скопје разговараат со петнаесет свои колеги од Кочани меѓу кои и поранешниот командир на полициската станица во Кочани кој веќе е во пензија.
Полицијата од Скопје, под чија надлежност е сега кочанската полиција сè до бирањето на нов командир, ќе утврдува зошто над 30 кривични дела кои ги правела криминалната група која беше уапсена во полициската акција „Детонатор“ не биле расчистени.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков во петок презентираа 314 покер апарати кои во четвртокот беа запленети во Кочани.
Минатата недела во „Детонатор“ беа уапсени вкупно 23 лица, од кои 16 добија кривични пријави за рекет, лихварство, нелегални коцкарници и други кривични дела.
Криминалната група од минатата година сеела страв низ градовите во источна Македонија, а дел од локалните полицајци биле поврзани со нив. Засега меѓу нив нема уапсени./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тинејџер во Скопје за 20 дена украл четири велосипеди, електрични тротинети и мопед

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник осомничен за кражби на велосипеди, електрични тротинети и мопед.
За помалку од 20-тина дена, односно од 22.09 до 09.10.2025 година, осомничениот извршил четири тешки кражби на велосипеди и електрични тротинети во центарот на Скопје, со што прибавил вкупна противправна имотна корист од околу 170 илјади денари. При кражбите користел сила за да ги скрши сигурносните сајли со кои биле обезбедени превозните средства и да ги одземе.
На 28 септември осомничениот украл и мопед вреден 60.000 денари.
Имајќи ги предвид сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи тоа е единствен начин да се обезбеди неговото присуство во понатамошната кривична постапка.
Црна хроника
Жител на Дебар бесправно изградил објект на државно земјиште крај Дебарското Езеро

Жител на Дебар бесправно изградил објект од 88 метри квадратни на државно земјиште крај Дебарското езеро.
Полицијата поднесе кривична пријава против К.Ц.(60) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ по член 244 и „Узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик.
Тој, во текот на јуни оваа година, на катастарска парцела во државна сопственост кај месноста „Бадеми“ покрај брегот на Дебарското езеро, без одобрение за градба и спротивно на Законот на градење, неовластено изградил објект во вкупна површина од 88. 40 метри квадратни.
Црна хроника
Претрес во Кочани, пронајдена дрога: двајца уапсени

Вчера во 10:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода 22-годишниот Д.З. и 23-годишниот Н.Д., двајцата од Кочани, затоа што при преглед кај нив, кај Д.З. е пронајдена и одземена марихуана.
Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на Д.З., при што се пронајдени и одземени марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.