Спорт
Караници на трибините – мајката на Рабио „удрила“ по Погба и Мбапе
Вероик Рабио, мајката (и агент) на францускиот фудбалер од средниот ред, Адриен Рабио влегла во лута расправија со членовите на семејствата на Пол Погба и Килијан Мбапе по испаѓањето на Франција од Швајцарија на ЕУРО 2020, тврдат француските медиуми.
Светските шампиони водеа со 3:1 до 80. минута од мечот, пред Швајцарците да постигнат два гола и потоа на пенали да го елиминираат светскиот шампион по промашувањето на последниот пенал на Килијан Мбапе.
Според „РМЦ спорт“, Вероник Рабио прво го прашала семејството на Погба како нивниот син може да ја загуби топката во средината за контранапад на Швајцарците, а потоа на таткото на Мбапе му порачала да го „превоспита“ синот и да го направи „помалку арогантен“. По ова следувала „лута расправија“ помеѓу Вероник Рабио и мајката на Мбапе, Фајза Ламари
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал прв обезбеди пласман на Ф4 во Берлин
Кошаркарите на Реал Мадрид први се пласираа на фајнл-форот во Евролигата. Актуелните шампиони серијата против Басконија ја добија со 3:0.
Третиот натпревар од серијата се одигра во „Фернандо Буеса“, во Виторија, Реал победи со 102:98.
Најефикасен во тимот на Чус Матео Бои беше Гершон Јабуселе со 23 поени, седум скока и три асистенции. Се истакнаа и хрватскиот кошаркар Марио Хезоња со 16 поени, четири скока и две асистенции и една топка, односно Факундо Кампацо со 13 поени, четири скока, осум асистенции и Валтер Тавареш со 12 поени, 13 скокови и четири блокади.
Најистакнати во тимот на Басконија беа плејмејкерите Маркус Хауард (29 поени, по два скока и асистенции) и Коди Милер-Мекинтајр (17 поени, четири скока, 11 асистенции, две украдени топки). Двициврени беа и Никос Рогкавопулос со 18 поени, четири скока и Вања Маринковиќ со 17 поени и четири скока.
Завршниот турнир во Берлин ќе се одржи од 24. до 26.мај, актуелниот шампион во полуфиналната пресметка со победникот од серијата Барселона-Олимпијакос.
Спорт
(Видео) „Милионерите“ чекор поблиску до финалето – Филкруг му пресуди на ПСЖ
Борусија Дортмунд го совлада Пари Сен Жермен во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. „Милионерите“ забележаа победа 1:0 на „Вестфален“. Херој на „жолтиот ѕид“ беше Никлас Филкруг.
Борусија во првото полувреме, беше подобра само сза тој еден гол, иако всушност до самиот крај на првиот дел од натпреварот ниту еден од тимовите немаше изгледни шанси.
Се играше 36. минута кога Шлотенберг од половината на парижаните ја испрати топката до Филкруг. Овој ја прими брилијантно, повлече напред, се избори со Лукас Ернандез и го совлада Донарума.
Борусија имаше две одлични шанси во самиот финиш на првото полувреме, но Донарума беше на висината на задачата и го спаси својот тим.
Во вториот дел и двете екипи го зголемија својот ритам. Пари Сен Жермен тргна крајно офанзивно во вториот дел од натпреварот.
Стативата од голот на Кобел се тресеше два пати за само десет секунди во 51. минута. Прво се обиде Мбапе, ја погоди стативата, топката се врати кај гостите, по што се обиде и Хакими, но овојпат се затресе статива.
Набргу потоа Борусија имаше шанса да ја зголеми предноста, но одличната аситенција на Санчо, Филкруг не успеа да ја претвори во гол. До крајот ПСЖ два пати опасно се закани преку Фабијан Руиз и еднаш преку Дембеле, а втор гол на домаќинот спречи Маркињос кој во последен момент го блокираше Бранд.
Реваншот е следниот вторник во Париз.
Спорт
Парма се врати во Серија А
Со нерешениот резултат 1:1, на стадиното „Свети Никола“ против Бари, Парма се врати во Серија А. Култниот италијански клуб, на две кола до крајот на сезоната во Серија Б има седум бода повеќе од третопласираната Венеција.
Историјата на Парма во последниве години беше сè само не сјајна. Клубот згасна, па повторно оживеа во 2015 година.
Во следните три години, Парма стана првиот клуб кој остварил промоција во повисок ранг во три последователни сезони и успеа да се врати во Серија А, каде што остана до сезоната 2020/21, Во таа сезона забележа само три победи и повторно испадна во понизок ранг.
Минатата година навивачите беа разочарани по плеј-офот, а сега Парма го обезбеди најмалку второ место и враќање во елитата.