Контакт

Свет

(Видео) Најголемата комета што некогаш е видена ќе помине низ Сончевиот Систем

Објавено пред

Комета каква што досега не е видена во историјата е на пат да помине низ внатрешниот дел на Сончевиот Систем за помалку од една деценија, но астрономите велат дека тоа не е причина за загриженост.

dobivaj vesti na viber

„Кометата 2014 UN271“ првпат беше забележана за време на мисијата за истражување на темната енергија во 2014 година, но набљудувачите не знаеја дека податоците укажуват токму на таа комета сè до овој месец, објавија научните списанија.

Откриена е и именувана од Педро Бернардинели и Гери Бернштајн, така што е позната и како „Комета Бернардинели-Бернштајн“.

„Имавме привилегија да ја откриеме можеби најголемата комета некогаш видена, или барем поголема од која било што досега сме ги проучувале и ја фативме доволно рано за луѓето да гледаат како се развива кога се приближува кон Сонцето и се загрева“, рече Бернштајн од Универзитетот од Пенсилванија.

„Кометата не го има посетено Сончевиот Систем повеќе од три милиони години“, посочи тој.

Поради својата големина, некои ја нарекоа „мега комета“. Се проценува дека е широка од 94 до 370 километри. За споредба, Халеевата комета е широка околу 5,5 км.

Се смета дека астероидот кој играл улога во истребувањето на диносаурусите бил широк околу 11 километри кога го погодил Јукатан, создавајќи кратер широк 200 километри.

„Доколку ‘мега комета’ ја погоди Земјата, тоа би било катастрофално, со глобални последици и климатски промени. Ако ја промаши земјата и падне во океанот, најверојатно ќе предизвика цунами“, сметаат експертите.

Сепак, напоменувааат дека Земјаните не треба да се грижат.

Иако кометата е огромна, потребен е телескоп за да се набљудува, бидејќи нејзината орбита е многу далеку од Земјата. Ќе биде невозможно да се види сè додека не се приближи до внатрешноста на Сончевиот Систем, дури и со најсилниот телескоп. Ова значи дека астрономите не знаат точно кога следната комета со долг орбитален период ќе помине низ нашиот систем сè додека не се приближи до Сонцето.

Другите комети кои почесто кружат околу Сонцето се попредвидливи.

Исто така, постои можност мега кометата на Бернардинели-Бернштајн да „приреди шоу“ на своето прво патување низ внатрешноста на Сончевиот Систем во далечна иднина, така што може да ги изненади набљудувачите десет години однапред.

НАСА вели дека вакви комети, кои имаат орбитални периоди подолги од 200 години, веројатно потекнуваат од Оортовите Облаци.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Руски портал: Напад врз резиденцијата на Путин би бил можен само со чудо

Објавено пред

Американскиот институт за проучување на војната (ISW) денес објави дополнителни информации за наводниот напад врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин, повикувајќи се на истрага од рускиот опозициски портал „Сота“.

dobivaj vesti na viber

Според „Сота“, жителите на Валдај не го слушнале дејството на воздушната одбрана во ноќта помеѓу 28 и 29 декември, иако руските власти тврдеа дека биле соборени до 91 украински беспилотни летала, што нужно би барало интензивно дејствување на системот за воздушна одбрана.

Украинските беспилотни летала би морале да поминат низ високо заштитен воздушен простор,
„Сота“ исто така, наведува дека беспилотните летала лансирани од северната граница на Украина би морале да поминат низ силно заштитен руски воздушен простор, вклучувајќи области со бројни објекти на стратешките ракетни сили, единиците за воздушна одбрана, воената авијација и други воени капацитети што го сочинуваат рускиот одбранбен чадор, пренесуваат медиумите.

Заклучокот на „Сота“ е дека Украина би можела да ја нападне резиденцијата на Путин во Валдај само со „чудо“ или во случај на намерно невнимание на руската армија. ISW, исто така, потсетува на извештај од август 2025 година на руската служба на Радио Слобода (RFE/RL), според кој Русија го зголемила бројот на системи за воздушна одбрана што ја штитат областа Валдаја од два на дванаесет помеѓу 2022 и август 2025 година. Очигледно, според написите, станува збор за напредни системи за противвоздушна одбрана од типот Панцир-С1.

Медиумите потсетуваат дека во последните денови руските власти тврдеа дека Украина се обидела да нападне една од официјалните резиденции на рускиот претседател Владимир Путин со беспилотни летала. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва затоа ќе ја ревидира својата преговарачка позиција за мир.

Украина ги отфрли овие обвинувања како лажни. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека сојузниците на Украина, благодарение на нивните технички способности, можеле да потврдат дека станува збор за измислен инцидент, додека западните земји, вклучувајќи ги Германија и Франција, изразија загриженост дека Москва ги користи обвинувањата како изговор за понатамошна ескалација на војната.

Тврдењата за нападот не се потврдени од независни западни институции или достапни отворени извори, а ISW заклучува дека досега објавените информации не ги поддржуваат руските тврдења.

Прикажи повеќе...

Свет

Полскиот претседател го предупредува Трамп: Не му верувајте на Путин

Објавено пред

Полскиот претседател Карол Навроцки му порача на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, дека Русија не ги почитува договорите и дека на рускиот претседател Владимир Путин не може да му се верува, изјави раководителот на Бирото за меѓународна политика при Канцеларијата на полскиот претседател, Марцин Пшидач.

dobivaj vesti na viber

Пшидач во емисијата „Дебата Гоздири“ изјави дека Навроцки го пренел ова директно на Трамп за време на видеоконференцијата одржана по средбата на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски во резиденцијата Мар-а-Лаго, каде што се дискутираше за мировниот план за Украина, објави порталот „Полсат њуз“.

„На Владимир Путин не треба да му се верува – тоа беше кажано директно“, рече Пшидач.

Според него, Навроцки може да игра значајна улога во идните американско-руски разговори, бидејќи Трамп обрнува внимание на ставовите на соговорниците кои тој лично ги почитува.

Тој додаде дека ова може да го намали влијанието на, како што рече, „проруските наративи во Белата куќа“.

Пшидач се осврна и на внатрешните прашања во Полска, наведувајќи дека владата го менува својот пристап во спорот околу назначувањето службеници во безбедносните служби.

Тој потврди дека ќе има средба меѓу претставници на претседателот, Министерството за одбрана и координаторот на тајните служби, Томаш Сјемоњак.

Пшидач оцени дека министерот за одбрана Владислав Косињак-Камиш е подготвен за соработка и изрази надеж дека сличен пристап ќе се примени и во односите меѓу Претседателската палата и Министерството за надворешни работи, особено кога станува збор за назначување амбасадори.

Прикажи повеќе...

Свет

Израелски медиуми: Нетанјаху и Трамп му дадоа на Хамас два месеци да се разоружа

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија дека палестинската милитантна група Хамас ќе добие рок од два месеци за разоружување, пишува израелскиот весник „Израел Хајом“, додавајќи дека доколку Хамас ги одбие условите за разоружување, израелската армија ќе преземе понатамошни чекори.

dobivaj vesti na viber

Според извештајот, договорено е и да се утврдат практични критериуми за разоружување, вклучително и уништување на широката мрежа од тунели под Појасот Газа.

Професионалните тимови на Израел и САД работат на јасна дефиниција за тоа што би претставувало практично разоружување на Хамас, објавува „Тајмс оф Израел“.

Во случај Хамас да не ги исполни условите за разоружување, одговорноста за понатамошниот тек на настаните ќе ја преземат израелските одбранбени сили.

„На Хамас ќе му биде даден многу краток период да се разоружа. Ако не го сторат тоа, како што ветија, ќе следи пекол“, рече Трамп по средбата со Нетанјаху.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија11 часа

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија14 часа

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...

Топ15 часа

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен...

Македонија16 часа

Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците

Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе...

Македонија16 часа

Вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците: уништени 624 килограми небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на...

Македонија17 часа

(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин...

Свет18 часа

Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило

Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на...

Економија18 часа

Зголемени цените во индустријата во ноември

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во...

Македонија19 часа

Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, известува Фондот на ПИОМ

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за...

Македонија19 часа

„Дали на Бихаќка Нова година ќе си честитаат по дубајско време“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за...

Македонија19 часа

(Видео) Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот...

Регион20 часа

До кога Бугарите ќе можат да плаќаат и во лева и во евра по 1 јануари 2026 година

За разлика од неограничената размена на лева за евра, плаќањата во обете валути, познати како период на двојна циркулација, се...

Топ21 час

Уапсен возачот кој во скопски Чаир со автомобил удри во дете и избега

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од...

Европа22 часа

Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот

По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да...

Македонија23 часа

Земјотрес почувствуван во Охрид и блиската околина

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет1 ден

Украина: Русите измислија напад врз резиденцијата на Путин, имаат две причини за тоа

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека руските тврдења за наводниот „обид за напад врз резиденцијата на Путин“...

Македонија2 дена

Доживотен затвор за братоубиецот во Кавадарци: го убил бидејќи верувал дека сака да го преземе целиот имот

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а „џини индексот“е првпат под 30% во последните 30 години

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи...

Македонија2 дена

Алиу: Клиниката за гинекологија e симбол за нов живот, извршено реновирање и унапредување на условите за мајките и новороденчињата

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...