Спорт
Хрватска едвај со Тунис, во полуфинале против Германија

Хрватска се намачи, но стигна до 75:70 победа над Тунис на турнирот за олимписки квалификации во Сплит, со што закажа дуел со Германија во полуфиналето, откако Германците претходно ги елиминираа Русите.
Хрватска водеше во текот на целиот меч, и имаше двоцифрена предност во текот на втората и третата четвртина, пред Тунижаните да влезат со еден поен предност во последните 10 минути. Хрватска повторно врати на +5 на помалку од две минути пред крајот, пред Тунис уште еднаш да направи камбек, но не доволен за победа.
Марио Хезоња имаше 27 поени и 8 скока за Хрватска, додека Бојан Богдановиќ уфрли 14 поени, но со само 4 прецизни удари од 14 обиди. Кај Тунис, најефикасен беше Слимане со 15 поени. Полуфиналето против Германија се игра во сабота.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Иско блескаше, Бетис го победи Реал

Реал на „Бенито Виљамарин“ одигра добро само во првите 20 минути. Без Белингем и Валверде, впечаток е дека тоа и беше максимумот на Реал.
Во 10.минута најубавиот момент на натпреварот и единствената вистинска акција на Реал. Мбапе за Менди, а овој во во простор ја остави топката за Брахим Дијаз.
Бетис заигра многу подобро кон крајот на првото полувреме и по еден корнер, одбраната на Реал беше лошо поставена, Кардосо остана сам пред Куртоа на пет метри и успеа да изедначи.
Моментумот од финишот на првиот дел Бетис го пренесе и во вториот. Судијата Ернадез досуди пенал за Бетис во 54.минута. Го реализираше Иско, кој го постигна првиот гол прптив Реал откако си замина од Мадрид.
Спорт
(Видео) Билинг во 87.минута спречи триумф на Интер во Неапол

Наполи и Интер ремизираа 1-1 во Неапол во 27. коло од Серија А. Интер ја задржа предноста од еден бод на челот на табелата во однос на Наполи.
Домашниот тим многу поофанзивно влезе во натпреварот. Сепак, не создаде сериозна шанса за гол, додека Интер ја искористи првата.
Во 22. минута на гостите им беше досуден слободен удар на околу 20 метри од голот на Наполи. Федерико Димарко ја презеде одговорноста и го погоди десниот агол од голот на Мерето за 1:0.
🚨🇮🇹 GOAL | Napoli 0-1 Inter | Dimarco
WHAT A FREE KICK FROM DIMARCO !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/iwUksbNkxN
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) March 1, 2025
До крајот на првиот дел Интер имаше уште една шанса, овојпат Димарко не успеа да погоди..
Вториот дел во целост им припадна на фудбалерите на Наполи, најмногу и поради определбата на Симоне Инзаги да ја брани минималната предност.
Константниот притисок му донсе на Наполи само една шанса, кога Гонзалес го одбрани ударот на Мектоминеј. Сепак во 87.минута одличната акција на Лоботка со гол ја заврши Билинг, кој неколку минути претходно влезе на треренот.
До крајот Наполи имаше уште една шанса, во 95.минута, Гонзалес со помош на Дамфрис го одбрани ударот на Нгонге.
Спорт
Вардар не успеа да ја победи Беса

Фото/ facebook.com/@FKVardarSkopje
Вардар, по големата победа во Струга минатиот викнед, во 21.коло не успеа да ја победи Беса на домашен терен. Дуелот на националната арена „Тодор Проески“ заврши 0:0.
Вардар апсолутната доминација на теренот не успеа да ја материјализира барем со еден гол.
Вардар по некомплетното 21.коло се наоѓа на деветтото место со 17 бодови, додека Беса е претпоследна со два бода помалку.