Европа
Кабинетите на Порошенко и Путин различно за разговорот

Непосредно пред објавувањето дека украинскиот претседател Петро Порошенко наредил прекин на огнот во југоисточните региони на земјата, неговиот кабинет во информацијата за телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин претходно во средата наутро, соопшти дека двајцата челници се договориле за траен прекин на огнот, што Кремљ одлучно го негира порачувајќи дека Русија не е страна во судирот.
Непосредно пред објавувањето дека украинскиот претседател Петро Порошенко наредил прекин на огнот во југоисточните региони на земјата, неговиот кабинет во информацијата за телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин претходно во средата наутро, соопшти дека двајцата челници се договориле за траен прекин на огнот, што Кремљ одлучно го негира порачувајќи дека Русија не е страна во судирот.
„Украинскиот претседател дискутираше со рускиот претседател за траен прекин на огнот. Се согласија за прекин на огнот во Донбас“, заедничко име за источните украински региони Донецк и Луганск, богат рударски басен, кој е зафатен веќе петти месец со жестоки судири меѓу војската лојална на прозападните власти во Киев и проруските бунтовници, се вели во украинската верзија за телефонскиот разговор.
„Постигнаа разбирање за чекорите кои водат кон примирје“, се наведува во соопштението на кабинетот на украинскиот претседател Петро Порошенко.
Кремљ претходно информирајќи за разговорот меѓу претседателите на Русија и на Украина истакна дека нивните ставови „во голема мерка се совпаѓаат“ околу „начините за ставање крај на крвопролевањата во југоисточните делови на земјата“.
Но по соопштението од Киев, кабинетот на рускиот претседател реагираше демантирајќи ги таквите наводи. „Путин и Порошенко не се договорија за прекин на огнот, бидејќи Русија не е страна во украинскиот судир“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за РИА Новости./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин