Црна хроника
249 санкционирани возачи во Скопје, 105 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции, 56 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 11 за возење без возачка дозвола.
Изречени се 19 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 за нерегистрирани возила, пет за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 36 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прегазена 56-годишна скопјанка: ја удрило „порше“
Вчера околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамил граѓанин за над 370. 000 денари: кумановец се претставил како вработен во туристичка агенција
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, уапсено едно лице
Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода У.З.(45) од Кичево.
При претрес во неговиот дом и неговото возило „хјундаи“, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

