Црна хроника
(Видео) 185 санкционирани возачи во Скопје, 52 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (5.7.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 15 прекршоци што го прават возачите на мотоцикли, 19 за возење без возачка дозвола.
Изречени се четири санкции за возење под дејство на алкохол, шест за користење мобилен телефон, четири за нерегистрирани возила, пет за недавање првенство на минување пешаци, 52 санкции за непрописно паркирање.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена претепана од сопругот во Драчево, и го искршил и возилото
Синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17.30 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Т.(43) од Скопје, кој потоа го оштетил нејзиното возило.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Се запали една од просториите на Поликлиника Чаир, нема повредени
Вчера во 07.35 часот во СВР Скопје, од Поликлиниката Чаир било пријавено дека настанал пожар во една од просториите во установата.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Нападната прилепчанка во скопски Аеродром: и ја украле чантата со пари и документи
Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје, Љ.С.(28) од Прилеп пријавила дека на 10.01.2025 околу 23.08 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата со документи, пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.