Македонија
Судот им го замрзна имотот на Рашковски и на неговите деца
Основниот кривичен суд – Скопје му го замрзна имотот на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој е обвинет во случајот за злоупотреба на јавни набавки. Како што се наведува оттаму, замрзнат им е и имотот на неговите малолетни деца.
Рашковски и уште три лица се осомничени дека ја оштетиле државата за 17.642.237 денари и мерката е побарана за да не дојде до осуетување на отштетното побарување. Замрзнат им е и имотот на двете малолетни деца на Рашковски.
„Уважувајќи го барањето, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје донесе решение за привремена мерка, со кое кон едно од осомничените лица е определена привремена мерка – забрана за располагање со средства од сметка, на која осомничениот како физичко лице има овластување да располага. Со истото решение кон две малолетни лица, на кои првоосомничениот во предметот им е законски застапник, е определена привремена мерка – забрана за отуѓување или оптоварување на своите недвижности или стварни права, кои врз недвижноста се запишани во корист на законскиот застапник, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп. Воедно, кон едно правно лице во сопственост на трет осомничен судијата на претходна постапка определи привремена мерка – забрана за отуѓување или оптоварување на движни ствари“, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Се додава дека привремените мерки за обезбедување на имотно-правното барање ќе траат најдолго до правосилно завршување на кривичната постапка или до поинаква одлука на судот.
Во исто време претходно изречените мерки за обезбедување на осомничените се продолжени за нови 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првични резултати на ДИК: Орце Ѓорѓиевски освои 93.207 гласови, Амар Мециновиќ 58.994
Според првичните неофицијални резултати на ДИК, кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, освои 58.994 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски 93.207 гласа.
Ова се податоци од 97, 66 отсто обработени избирачки места. Во нив се запишани 462.161 избирач, а излегле да гласаат 161.965 гласачи или 35,05 отсто.
Македонија
(Видео) Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во рамки на партијата.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, а секако и јасен патоказ за мене како претседател на партијата јасно е какви промени треба да се направат, и политички и кадровски. Како што веќе најавив, во следните денови ќе следуваат промени. Ќе се одржат седници на Извршниот и на Централниот одбор на кои ќе бидат презентирани и усвоени тие кадровски решенија“, рече Филипче.
Претседателот Филипче исто така најави и дека партијата ќе свика Конгрес на кој ќе се разговара за идните политики и насоката во која СДСМ ќе се движи во следниот период.
Македонија
(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата.
Од обработени 97,69% досега, тој има освоено 57,40%, односно 93.313 гласови, пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој освои 36,40% од гласовите, односно за него гласале 59.178 луѓе.

