Европа
Педофили во Германија добија затворски казни, еден од обвинетите извршил 29 силувања

Денеска се изречени затворски казни за осудените лица во т.н. „Педофилски синџир“ од германскиот град Минстер, обајвија германските медиуми.
Првообвинетиот Адријан В. е осуден на 14 години затвор, а поради тежината на делото можно е да остане во затвор и по истекувањето на казната. Било докажано и дека 28-годишниот ИТ-техничар имал најмалку 29 случаи на силување а најтешкото дело била сексуална злоупотреба на деца во градинарска колиба на северот од Минстер. Тој претходно беше обвинет за поседување детска порнографија.
Три мажи од цела Германија исто така беа осудени на десет до дванаесет години затвор. За соучество, на три години затвор беше осудена и 46-годишната мајка на првообвинетиот.
Во средиштето на процесот биле разгледувани серија филмови направени во текот на неколку дена, во кои биле снимени бројни силувања од двете момчиња кои како што било забележано биле под дејство на наркотици. Една од жртвите е 11-годишниот посвоен син на првообвинетиот.
Претседателот на Судскиот совет, Матијас Фејлер, високите казни ги оправда со бруталноста на делото и рече дека општеството мора трајно да се заштити од сторителите.
„Она што го слушнавме за време на судењето надминува сè што овој суд имал некогаш доживеано“, рече судијата што претседаваше.
Ова е еден од трите најголеми случаи на педофили во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, кои беа откриени последните години во градовите Минстер, Бергиш Гладбах и Лигде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на „Телеграм“ градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона Шхидни. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база не само за стоки туку и за опрема и персонал, со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата почна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.