Црна хроника
Приведени дилер на дрога во Кисела Вода, и ограбувач на аптеки
Дилер на дрога во неделата е фатен во скопската населба Кисела Вода, откако полицијата во неговиот стан откри 234,96 грама хероин, Исто така, приведен е и разбојник што крадел пари од аптеките на „Зегин“
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 36. годишниот И.Б. во стан под кирија во населбата Кисела Вода продавал паковки со хероин, по цена од 1.000 денари за еден грам. При претресот на домот, биле пронајдени 33 полиетиленски паковки со наркотична дрога хероин во вкупна маса од 230,2 грама, една дигитална вага, една лажичка и ножици со траги од хероин, како и 1.500 евра и 10 илјади денари, по што И.Б. е приведен од страна на полициските службеници. Инаку, пријавениот И.Б. е евидентиран како извршител на повеќе кривични дела.Скопската полиција во неделата го приведе 26-годишниот скопјанец кој во периодот септември-октомври од шест аптеки на „Зегин Фарм“ со примена на оружје украл 169.320 денари.Дваесет ишестгодишниот И.Д. маскиран со црна женска чорапа и вооружен со пиштол во неколку наврати упаднал во аптеките на „Зегин Фарм“ во Ново Лисиче, Аеродром и Карпош, при што вперувајќи го оружјето кон вработените одземал пари од дневниот промет.Пријавениот И.Д., кому му е одреден 30. дневен притвор, во крим евиденцијата е регистриран како сторител на повеќе кривични дела за кои му се изречувани и затворски казни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.
Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот
Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод: тешко повредени деца на возраст од седум и девет години
Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

