Црна хроника
Во Охрид почина работник од Албанија
Четириесетгодишен работник од Албанија бил донесен во болница во Охрид со тешки повреди, со кои се здобил додека работел на објект. Тој во болницата им подлегнал на повредите.
„ На 5.7.2021 во 21:20 часот во СВР Охрид од Општа болница Охрид било пријавено дека кај нив бил донесен повреден Т.Ч.(40) од Р Албанија, кој со повреди се здобил околу 16:00 часот, извршувајќи работни задачи на место викано ‘Грагорица’, во атар на с. Свиниште. По укажаната лекарска помош, тој им подлегнал на повредите“, соопшти МВР.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител, полициски службеници од СВР Охрид и инспектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена претепана од сопругот во Драчево, и го искршил и возилото
Синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17.30 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Т.(43) од Скопје, кој потоа го оштетил нејзиното возило.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Се запали една од просториите на Поликлиника Чаир, нема повредени
Вчера во 07.35 часот во СВР Скопје, од Поликлиниката Чаир било пријавено дека настанал пожар во една од просториите во установата.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Нападната прилепчанка во скопски Аеродром: и ја украле чантата со пари и документи
Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје, Љ.С.(28) од Прилеп пријавила дека на 10.01.2025 околу 23.08 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата со документи, пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.