Црна хроника
При претрес во Тетово пронајдени кокаин и „екстази“

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, од 14.30 до 16 часот, со судска наредба извршиле претрес во домот на Н. А. (32) во тетовско Доброште, каде што биле пронајдени кокаин, дигитална вага и МДМА („екстази“).
Н. А., кој претходно бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, со соодветен поднесок е изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој му определил мерка притвор од 30 дена.
Н. А. се сомничи дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по член 215 од Кривичниот законик, и вчеравечер тој е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ во Скопје за издржување на притворот, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведени шест возачи минатата вечер за возење под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се шест случаи на управување на возило под дејство на алкохол, односно шестмина возачи кои што се исклучени од сообраќај и против кои што ќе бидат поднесени кривични пријави.
Така, вчера вечер околу 23.00 часот во Македонска Каменица, полициски службеници при сообраќајна контрола на улицата „Осоговска“ во Македонска Каменица го лишија од слобода И.И. (43) од село Косевица, кој управувал патничко моторно возило „Ауди“, без стекната возачка дозвола а под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,65 промили алкохол во крвта.
Потоа денеска (06.07.) во 01.30 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од ПС за БПС Тетово, го лишиле од слобода Г.С. (42) од село Брвеница, кој што управувал патничко возило „Фолксваген Кади“ со измерени 2.05 промили алкохол во крвта, по што е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Во 00.35 часот во Стар Дојран, пак, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Ј.(40) од дојранското село Црничани, кој што управувал патничко возило „Фиат“ под дејство на алкохол, односно со измерени 2.45 промили алкохол во крвта.
Денеска во 00.45 часот и полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Браќа Миладиновци“ во Прилеп го лишија од слобода Ж.П.(55) од Прилеп, кај кого при сообраќајна контрола, додека управувал со патничко моторно возило „Фиат“, биле констатирани односно измерени 1,62 промили алкохол во крвта.
Во 02.16 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.А. (19) од Виница кој што управувал патничко возило „Фолксваген голф“ под дејство на алкохол, односно со измерени 1,92 промили алкохол во крвта, а пак полициски службеници од СВР Куманово во 01,28 часот го лишија од слобода С.С. (29) од Куманово, кој што управувал возило марка „Ауди“ под дејство на алкохол, односно со измерени 1,57 промили алкохол во крвта.