Црна хроника
323 возачи казнети за брзо возење на територијата на државата
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 323 возачи.
Од нив, 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Повеќето од казните се изречени на територијата на Штип – 60, потоа на територијата на Битола – 49 и на територијата на Скопје – 46.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореник од „Идризово“ мамел газди на кафеани преку телефон, се претставувал како обвинител
СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Гевгелија поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени едно кривично дело „измама“ и две кривични дела „измама во обид“.
Пријавениот И.П. кој во моментот издржувал затворска казна во Казнено поправна установа – Затвор Идризово во периодот од 05.12 до 21.12.2024 телефонски контактирал тројца жители на Гевгелија, сопственици на угостителски објекти, притоа лажно претставувајќи се како вработен во државни институции (Јавно обвинителство и Државен санитарен инспекторат) ги довел во заблуда оштетените ветувајќи им дека за определени парични средства ќе им помогне во решавање на случаи по наводни поднесени пријави до надлежни институции за труење со храна во нивните објекти.
Во еден од случаите оштетениот со посредство на трето лице му дал паричен надомест во износ од 2000 евра на пријавениот, а по неколку дена откако сфатил дека е измамен случајот го пријавил во полиција. Од страна на полициски службеници од СВР Струмица, ОВР Гевгелија и СВР Скопје во координација со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, ОСОСК Скопје и ОЈО Гевгелија биле преземени повеќе активности со цел откривање на сторителот, при што бил извршен и претрес во затворска ќелија, каде биле пронајдени предмети кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка.
Црна хроника
Марихуана пронајдена во двор на основно училиште во Битола
Синоќа во 21.40 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола во двор на основно училиште во Битола била пронајдена марихуана.
Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Со закана од огнено оружје украл пари од обложувалница во Карпош
Вчера во 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.