Македонија
Филипче: Треба да си ги вакцинираме децата, јас ќе го направам тоа

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска, во Охрид, потврди дека ќе го вакцинира своето дете за да даде пример дека вакцините против коронавирусот се безбедни за децата.
Вчера, здравствените власти најавија дека од понеделник и децата oд 12 до 16 години ќе може да се вакцинираат со вакцината на „Фајзер“.
„Има некои земји што го воведуваат тоа вакцинирање како задолжително, односно нема да ги примаат децата во училиштата ако не се вакцинирани. Тоа е некаде политика во западноевропските земји. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината и ќе се користи вакцината на ‘Фајзер’, така што директно ви одговарам, јас тоа ќе го направам“, рече министерот, чиј син има над 12 години.
Засега здравствените власти немаат донесено одлука за воведување дополнителни мерки на границите.
Комисијата за спречување заразни болести ќе заседава утре и ќе одлучи дали ќе се воведат некакви ограничувања на границите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.