Македонија
Заев од Атина: Ќе биде потпишан договор за интерконекција за пренос на природен гас
Премиерот Зоран Заев, денеска, според најавите од владините служби, ќе учествува на панел-дискусија во рамките на конференцијата на „Економист“ – 25. тркалезна маса со владата на Грција, на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“.
Денеска, како што соопштија од кабинетот на Заев, ќе биде потпишан и договорот помеѓу владите на Република Северна Македонија и Република Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија.
Средбите што ќе се реализираат во фокус ги имаат економијата и енергетиката.
На економскиот форум во Атина присутни се и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија, Крешник Бектеши.
Економската соработка меѓу двете земји по потпишувањето на договорот од Преспа се зацврстува и интензивира, е истакнато во владиното соопштение.
Инаку, премиерот Заев присуствуваше и на свечената гала-вечера на конференцијата на „Економист“ во Атина, на која се обрати премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис.
На гала-вечерата присуствуваа министерот за внатрешни работи на Грција, Макис Воридис, министерот за туризам, Харис Теохарис, поранешниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц, поранешната претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешниот француски премиер, Доминк де Вилпен, амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат, како и многубројни дипломати, бизнисмени, стопанственици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

