Црна хроника
Струмичанец фатен со 17 пакувања кокаин и четири килограми марихуана

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство денеска поднесе кривична пријава против Р. В. (50) од струмичкото село Добрејци поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Како што информираат од МВР, вчера (8 јули), околу 8 часот, на паркинг во Струмица, кај Р. В., кој бил со автомобил „фиат пунто“, при извршен преглед во пластична кутија пронајдени биле 17 пакувања кокаин, како и поголем износ на парични средства.
Истиот ден, по добиена судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претрес во неговиот дом во селото Добрејци, при што биле пронајдени 12 стебла канабис, околу 4 килограми марихуана и шишиња со течна материја, пиштол „застава М88“ и рамка со 6 куршуми во калибар 9 мм.
Стумичанецот е уапсен и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Мотоциклист усмрти пешак во Скопје

Седумдесет и двегодишен пешак загина во сообраќајна несреќа во Скопје. Во него удрил мотоциклист кој е уапсен.
Според информациите на МВР, вчера околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски национални ознаки, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје.
Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител возачот е приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен возач од Косово поради сообраќајна несреќа во Скопје: со товарно возило удрил во мопед

Вчера во 14.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Е.П. од Република Косово и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 32-годишниот Ф.А. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и од слобода бил лишен возачот Е.П. и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член 304-г од Законот за здравствена заштита, како и кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 од Кривичниот законик.
На 29 јуни, во казино во Битола, осомничениот најпрво нападнал доктор од итната медицинска служба кој му давал лекарска помош. Го удрил со тупаница и му нанел телесна повреда. По укажувањето на медицинската помош, осомничениот бил пренесен во ЈЗУ Клиничка болница – Битола каде исто така давал активен отпор да биде третиран, па била повикана и полициска асистенција. Кога пристигнале двајцата полициски службеници, осомничениот 28-годишник и нив ги нападнал, ги удирал повеќе пати и им се заканувал.
Ценејќи дека се исполнети законските основи – опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.