Спорт
Пред 7 години играа во Серија А, сега клубот е пред згаснување!

Поминаа само 7 сезони откако последен пат Ливорно беше член на Серија А. Тогаш поради финансиски проблеми го напуштија најсилното фудбалско натпреварување во Италија. Проблемите не исчезнаа, па клубот за многу кратк време стигна до Серија Ц.
Од вчера екипата на Ливорно го започнала процесот на ликвидација откако клупското раководство прогласило банкрот.
Рокот за подмирување на обрските беше до вчера, а поради тоа што не е најден нов вложувач, банкротот е единствена опција. Сега пчнува нов рок.
Раководството има 10 дена да пронајде нов сопственик, во спротивно Ливорно ќе биде исфрлен од сите натпреварувања, првпат во својата историја која е долга повеќе од 100 години.
За потсетување, се работи за клуб кој двапати бил вицешампион на Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Езе се договори со Арсенал, Асенсио кај Мурињо

Еберчи Езе постигна договор со Арсенал за личните услови, сега сè што останува е клубовите да постигнат договор.
Според англиските медиуми, челниците на Кристал Палас за одличниот офанзивен играч од средниот ред побарале 60 милиони фунти.
„Топџиите“ се согласиле да ја платата оваа сума и се очекува договорот да биде завршен најдоцна до утре.
Езе е еден од најзаслужните играчи за освојувањето на ФА Купот од страна на Кристал Палас. Минатата сезона одигра 43 натпревари, постигна 14 гола и забележа 11 асистенции.
Марко Асенсио постигна договор со Фенербахче околу платата. Турскиот вицешампион сака да го доведе на едногодишна позајмица, а потоа да го откупи договорот, додека челниците на ПСЖ сакаат да го продадат.
Шпанскиот репрезентативец доаѓа на инсистирање на Жозе Мурињо, со кого имаше можност да работи во Реал Мадрид.
Анесио одигра 13 натпревари за Астон Вила, каде што беше на позајмица во вториот дел од сезоната, постигна три гола и забележа исто толку асистенции.
Фото/ EPA-EFE/DANIEL HAMBURY
Спорт
Капитенот на Торино го засили Милан

Италијанскиот фудбалер Самуеле Ричи (23) е нов играч на Милан, објави клубот.
Ричи потпиша договор со Милан до 30 јуни 2029 година, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Тој ќе го носи дресот со број четири во својот нов клуб.
Италијанскиот фудбалер игра во средината на теренот, а во последните три години играше за Торино.
Новиот фудбалер на Милан одигра десет натпревари за италијанската репрезентација.
Милан минатата сезона заврши на осмото место во Серија А и не се квалификуваше за европските натпреварувања.
Foto/ EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI
Спорт
Ливерпул ќе го повлече бројот 20

Фудбалскиот клуб Ливерпул е завиен во црно, по смртта на португалскиот напаѓач Диого Жота.
Заедно со својот брат Андре, тој излета од патот со автомобил, кој се запали и двајцата ги загубија животите.
Голема трагедија го погоди светскиот фудбал, а неговиот клуб Ливерпул одлучи да постави преседан.
На „Енфилд“ ќе го повлечат дресот со број 20, кој го носеше трагично починатиот фудбалер и во клубот и во репрезентацијата.
Дресот со број 20 ќе стане првиот дрес што Ливерпул ќе го повлече во својата историја.
„Бројот 20 со право ќе биде пензиониран. Она што за жал се покажа како негов последен поглед кон фудбалот му ја донесе титулата во Премиер лигата и Лигата на нации на УЕФА. Бројот 20 со право ќе биде овековечен за неговиот придонес во шампионската кампања на Ливерпул во сезоната 2024/25 и 20-та титула во историјата на клубот, со неговиот потпис и гол пред „Копот“ што ја запечатија победата во дербито на Мерсисајд во април, постигнувајќи го последниот гол во животот“.
„Да ја дочекам оваа сезона со титулата што ја бркам со години, во најдобрата лига во светот – за мене, каде што сонував да играм од детството – е момент што ќе го носам во срцето засекогаш“, објави Ливерпул.
Фото/ EPA/ADAM VAUGHAN