Македонија
Прв заеднички состанок на националните комисии за УНЕСКО на Македонија и Албанија

Националните комисии за УНЕСКО на Македонија и Албанија, утре во Охрид ќе ја одржат првата заедничка седница. Работната средба ќе ја координираат министерките за култура на двете земји, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, кои се и претседателки на Националните комисии за УНЕСКО.
На седницата посветена на идната координација во контекст на заедничкото управување со Охридскиот Регион, во согласност со насоките од последниот извештај на Реактивната мисија на УНЕСКО, ќе учествуваат и министерот за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, Насер Нуредини како и неговиот албански колега, министерот за туризам и животна средина, Бленди Клоси.
На седницата ќе се дискутира за Нацрт-одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за „Природното и културното наследство на Охридскиот Регион“, а ќе бидат дефинирани и приоритетите и следните чекори за заедничко дејствување. Предвидено е и потпишување на заедничка изјава во насока на зачувување на статусот на светско наследство на Охридскиот Регион.
На состанокот, министерките за култура Стефоска и Маргарити ќе потпишат и Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерствата за култура на Република Северна Македонија и Република Албанија за периодот од 2021 до 2026 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот.
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!“, напиша Пандов.
Тој додаде дека очекува институциите да го најдат и казнат сторителот.
Македонија
Милошоски: Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ за Тошковски, целта им беше лична дискредирација и злоупотреба на трагедијата

„Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ против МВР, Панче Тошковски. Целта им беше провидна“, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски.
„Прво лична дискредитација на Тошковски, а потоа злоупотреба на семејните емоции од големата трагедија во Кочани. Манипулативни намери, наместо реални предлози и поддршка“, додаде тој.
Македонија
Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

„Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски не доби поддршка. Очекувано од неколку причини“, напиша Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Потребна е стабилност, а не политичко дестабилизирање. Во услови кога Владата е во фаза на спроведување важни реформи, особено во безбедносниот сектор, несериозни интерпелации создаваат дополнителна нестабилност и можат да го компромитираат спроведувањето на започнатите процеси. Јавната безбедност бара стабилност, континуитет и институционално зајакнување, а не секојдневни политички турбуленции“, додаде тој.