Црна хроника
Најмалку 47 деца загинаа во сообраќајна несреќа во Египет
Во судир на воз и автобус кои минувал преку пругата во градот Манфалут, околу 300 километри јужно од египетската престолнина Каиро, во саботата загинале најмалку 47 а повредени се 13 деца, изјави гувернерот на провинцијата Асиут, Јахја Кешк.
„Бројот загинати се зголеми на 47, а 13 деца се повредени, но ниедно од нив не е во критична состојба. Медицински тим од 45 лекари се грижи за повредените деца“, изјавил гувернерот Кешк за египетската државна телевизија.
Во автобусот имало 60 деца на возраст меѓу четири и шест година, кои оделе на излет организиран од нивната градинка
Според првичните информации, најверојатно не била спуштена безбедносната рампа во моментот додека минувал возот а истовремено на пругата на линијата Каиро – Асуан се нашол и автобусот со децата, во 8 часот утрината по локално време.
Египетскиот претседател Мухамед Морси веднаш им нареди на надлежните министерства да им пружат помош на семејствата на загинатите деца, а властите на провинцијата Асуит наредија да се отвори истрага.
Министерот за сообраќај Рашад ал-Метни веднаш си поднесе оставка, со образложение дека ја прифаќа одговорноста за трагедијата. Претседателот Морси ја прифати оставката и на директорот на агенцијата за железници на Египет, пренесува електронското издание на каирскиот дневен весник Al Ahram.
Египетските патишта и железници не се безбедни и има постојани поплаки дека ниедна влада досега не успеала да обезбеди почитување на основните безбедносни стандарди во сообраќајот што доведува до многу трагедии со голем број жртви. Според последниот извештај на Агенцијата за јавен транспорт на Египет, во сообраќајни и железнички несреќи во 2011 година во земјата загинале преку седум илјади луѓе /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

