Црна хроника
Акција „Керозин“:Девет неготинци уапсени заради малверзации со нафта
Девет лица од Неготино се уапсени во полициската акција „Керозин“, при што се запленети и цистерни, возила и 26.000 евра.
Уапсен е сопственикот на фирмата „Алма – Комерц“, како и уште осуммина негови сограѓани. Групата е уапсена по повеќе месечна истрага, со примена на посебни истражни мерки, а поради сомнеж дека биле направени злоупотреби со неисполнување на обврски од склучените договори за јавни набавки.
Полицијата поднесе кривични пријави против организаторите А.П.(57), Љ.П.(32) и Љ.Т.(31) и членови на групата М.П.(52), М.Д.(33), А.А.(29), М.П.(31), Г.Ј.(39) и Ѓ.С.(39).
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во петок соопшти дека нема точни информации за колку е оштетен Буџетот, но рече дека најверојатно станува збор за десетици илјади евра.
Криминалот на групата, кој се случувал во повеќе градови во државава, се состоел во неисполнување на обврски од склучени договори за јавни набавки, односно за транспорт и испорака на нафта за греење на државни органи и институции, но и детски градинки, училишта и здравствени домови.
„Членовите на групата при вршење на криминалните активности поврзани со набавка и достава на нафта за греење користеле повеќе различни модуси. Еден од начините бил со замена на однапред подготвени две идентични товарни возила-цистерни“, вели Јанкулоска. Таа појасни дека цистерни „близнаци“, кои се идентични според модел и боја и биле во сопственост на „Алма Шпедиција“, на „вагањето“ се утврдувала точната литража, а потоа тој се заменува со цистерната во која имало многу помало количество нафта. На “близнаците“ им се заменувале регистарските таблички и се вршела испораката кон набавувачот.
Во средата, во непосредна близина на Скопје, полицијата, инспекторите на УЈП, Пазарната инспекција и лица од Управата за метрологија, утврдиле дека во запрената цистерна имало 11.900 литри нафта за греење, а според испратниците требало да има 28.000 литри.
„Ако се земе в предвид фактот дека ваква цистерна има максимална носивост од 20.000 литри, значи дека тој ден можело да се достави само 8.000 литри нафта, а не 28.000 литри, криминалната група прибавила имотна корист во износ од околу 1,2 милиони денари или 20.000 евра“, додава Јанкулоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило од Албанија излетало од патот во Струшко: повредени се повеќе лица
Утрово во 08.10 часот, на магистралниот пат Ќафасан – Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Надлежните информираат дека увид извршиле полициски екипи.
Црна хроника
Во оптек пуштил лажни евра: уапсен маж од Кичевско
Вчера во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште.
Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик.
Полицијата соопшти дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од Скопско тешко повредена: ја прегазил трактор
Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.