Европа
Европската комисија ќе ја убедува Малта да се откаже од одлуката да ги затвори границите за невакцинираните
Европската комисија сака да ја убеди Малта да се откаже од одлуката да ги затвори своите граници за невакцинираните против Ковид-19, изјави европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс.
Малта објави во петокот, како прва таква земја во ЕУ, дека ќе ги затвори своите граници за невакцинирани патници, убедена дека на таков начин ќе го запре новиот бран на инфекции со коронавирус.
На француското јавно радио Дидие Рејндерс потсети дека ЕУ воведе сертификати со кои треба да се усогласат сите земји членки.
„Имаше две одлуки: сертификатот што го воведовме, кој им е наметнат на сите европски земји како доказ за состојбата со вашата болест. Покрај тоа, постои препорака усвоена од сите 27 земји членки, што започнува од идејата дека овој пасош е доволен сам по себе, освен ако не се влоши епидемиолошката состојба“, објасни комесарот.
„Затоа, ќе разговараме со Малта за да продолжи со признавање на ПЦР-тестот“, додаде тој.
„Според процентот на новозаразени со делта-сојот, нормално е да се преземаат мерки, тестови и изолација, но не и забрана за патување“, истакна тој.
Малта во петокот објави дека од оваа среда ќе забрани влез на сите невакцинирани посетители. Негативен ПЦР-тест повеќе нема да биде доволен за да се премине границата на овој мал медитерански остров со околу половина милион жители.
На Малта, вакцинирани се 79 проценти од возрасната популација, со две дози. На 27 јуни немаше нови случаи на инфекција во земјата, но Малта забележа 96 од нив во петокот, од кои 90 проценти беа невакцинирани.
Во неделата францускиот министер за европски прашања Климент Боун ја нарече одлуката на Малта да не ги признава тестовите за ПЦР „спротивна на правилата“.
„Ние не секогаш успешно се координиравме во Европа во оваа криза, но сега имаме епидемиолошка пропусница која е иста низ цела Европа“, рече тој.
„Она што го стори Малта мора да биде предупредување за нас дека, доколку ситуацијата се влоши, обидите за затворање ќе се мултиплицираат и против правилата“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русите го нападнаа Харков преку ноќ: убиена 17-годишна тинејџерка, 16-годишно момче меѓу ранетите
Седумнаесетгодишна тинејџерка беше убиена, а девет други беа повредени во руски ракетен напад извршен ноќеска врз регионот Харков во источна Украина, изјави шефот на државната администрација на Харков, Олег Синегубов.
Девојката беше тешко повредена во нападот, а подоцна им подлегна на повредите во болница, додаде Синегубов.
Тој рече дека меѓу повредените е и 16-годишно момче, објави Укринформ.
1/
⚡️Russian missile strikes Kharkiv Oblast, killing teenage girl, injuring 9.A seventeen-year-old girl was killed and nine others were injured in an overnight Russian missile attack on the city of Berestyn in Kharkiv Oblast on Nov. 18, regional authorities said.… pic.twitter.com/m4GzjQEFsj
— Lew Anno Support#Israel #Ukraine 24/2-22 (@anno1540) November 18, 2025
Синегубов објави на Телеграм дека седум лица се хоспитализирани со повреди од рускиот напад врз градот Берестин во регионот Харков.
Нападот се случи еден ден по рускиот ракетен напад врз градот Балаклија, при што загинаа три лица, а ранети се уште 15, меѓу кои три деца.
Руските сили ја интензивираа својата офанзива во регионот Харков оваа година, што доведе до зголемување на нападите врз градови и села подалеку од линијата на фронтот.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски во Турција в среда, пристигнува и човекот на Трамп: се очекуваат разговори со Виткоф
Специјалниот американски претставник Стив Виткоф утре ќе ја посети Турција и ќе се придружи на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на турски извор.
Зеленски претходно изјави дека планира да замине за Турција во среда по денешната посета на Шпанија.
Зборувајќи за претстојните состаноци со шпански и турски претставници, Зеленски во објава на Фејсбук рече дека приоритет на Украина е да ги обнови мировните преговори и да ја заврши војната што е можно поскоро.
Зеленски рече дека Украина, исто така, работи на продолжување на размената на затвореници со Русија.
Тој нагласи дека средбата со шпанските претставници долго се подготвувала и дека Киев очекува уште една силна земја да помогне во приближувањето на крајот на војната.
Зеленски во понеделник ја посети Франција, која ја нарече една од најпродуктивните оваа година, а Елисејската палата објави дека Украина ќе купи до 100 авиони „Рафал“, опрема за воздушна одбрана и беспилотни летала од Франција.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: бројни населби без струја
Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен напад, оставајќи многу населби без електрична енергија.
Нападите ги исклучија електраните Зуивска и Старобешево, а тимови за итни случаи беа распоредени за да ја санираат штетата.
Само еден ден претходно, Пушилин рече дека украинските напади со беспилотни летала врз енергетската инфраструктура на регионот оставиле околу 500.000 луѓе без електрична енергија.
Украинската страна не го потврди нападот. Во последните недели, Киев изврши неколку напади со беспилотни летала со долг дострел врз енергетската инфраструктура во делови од Донецк контролирани од Русија, со цел да се поткопа способноста на Русија да ја продолжи војната.
фото: принтскрин

