Скопје
Најголемото дефиле на маски за 1-ви април, Скопје Сити Мол ги празнува шегата, смеењето и маскирањето
Први април е еден од најомилените денови на децата, но и возрасните, бидејќи токму на „Денот на шегата“ се празнува среќата, смеењето, маскирањето и шегувањето. Верувале или не, оваа традиција во светот постои неколку векови, а фасцинантно е тоа дека таа е раширена еднакво и на Западот и на Истокот, а последните децении нејзината популарност вртоглаво расте.
Skopje City Mall како и секоја година се приклучува на првоаприлската прослава на шегата и смеењето и на „Денот на шегата“ организира Конкурс на најдобри маски од основните училишта кои ќе имаа свое големо дефиле низ најголемиот мол во нашата држава кој обезбеди 15 подароци од Просветно Дело и тоа по различни категории: позитивни ликови (прво, второ и трето место), негативни ликови (прво, второ и трето место), рачно изработени маски, најмлад учесник, а за најдобрата групна маска Синеплекс добитниците ќе имаат моќност да гледаат заеднички еден од филмовите.
Освен разиграното, весело и големо дефиле на маски, ќе биде отворен и онлајн конкурс за најдобри маски фотографирани низ Skopje City Mall на први април од 17:00 до 22:00 часот со фотопатрола која што ќе фотографира низ молот и ќе ги овековечи најинтересните и најиновативните маски. Најдобрите три маски ќе добијат SONY дигитален апарат, Таблет Allview и компјутерска игра.
Во 18 часот следува дополнителна забава на 2-от кат во која ќе учествуваат пинковите ѕвезди, како и DЈ-и од популарните скопски радија. /крај/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




