Македонија
Зголемениот број на заразени во Тетово е поради свадба и семејна прослава

Комисијата за заразни болести ја следи епидемиолошката состојба во Тетово и е во комуникација со локалниот центар за јавно здравје по зголемувањето на бројот на заразени од Ковид-19, соопти Министерството за здравство.
Според првичните информации, зголемениот број случаи доаѓаат од два познати кластера. Првиот кластер е од свадба, а вториот е повеќечлено семејство, кое исто така било на мала семејна прослава. Она што загрижува и со што се соочиле здравствените работници е што некои од ковид-позитивните пациенти не давале точни податоци и информации за контакти како би можело да се спречи создавање кластери поврзани со двата постојни.
Министерството за здравство апелира граѓаните да соработуваат со епидемиолозите, одбивањето соработка од страна на пациентите, прави тешкотии во спроведувањето на епидемиолошките анкети, а тоа може да доведе до голем број заразени.
„Засега радува фактот што од 65 активни случаи во Тетово, само 12 се со симптоми и нема хоспитализирани во ковид-центарот во Клиничката болница во Тетово.
Досега не е детектиран делта-сојот, а кај лицата кај кои беше секвенциониран бразлискиот сој се ковид-позитивни од јуни“, соопшти Министерството.
И покрај мирната епидемилошка состојба во земјата, од Министерство за здравство апелираат граѓаните да бидат исклучително внимателни и да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита на здравјето.
„Одржување лична хигиена на рацете, држењето дистанца, носењето маска е нешто што треба да биде лична одговорност на секого од нас. Апелираме дека мерките може да се променат и да се воведат рестрикиции ако епидемиолошката состојба го наложи тоа. Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинацијата, што поголем број вакцинирани, значи побрзо создавање колективен имунитет, а тоа е клучно да се победи ковид-пандемијата“, порачуваат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Петрушевски: Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за прислушкување на Мицкоски, новинари и бизнисмени

СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Мицкоски бил следен пет години.
„СДС сакале низ прислушкување и следење на претседателот Мицкоски, како и на други јавни личности, новинари и бизнисмени да се одржат што подолг период на власт, да го запрат падот и да ги остварат своите приватни цели. СДС 5 години од 2019 до 2024 година владееле со злоупотреба на службите, како да се партиска алатка за опстојување на власт. Трагедија е како СДС ги злоупотребувале службите, кои наместо за државата, нејзината безбедност и за разузнавање биле користени за одржување на Заев, Филипче и околу нив тесната клика на власт“, рече Петрушевски.
За сето ова, додаде тој, асистенција им правел сегашниот главен обвинител Коцевски, кој бил одговорен за следење на издавањето на ПИ мерките.
„Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за следење и прислушкување на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени. Истиот тој Коцевски, кој СДС силно го бранеа во Собрание, а сега гледаме и зошто. Ова е скандал од невидени размери, и очекуваме ЈО да се надмине себе си и да отвори сеопфатна истрага која ќе ги опфати сите и ќе овозможи одговорност за сите кои ги злоупотребиле институциите и следеле луѓе и си играле со човечки животи за власт“, рече Петрушевски.
Македонија
(Видео) Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Oсобено по контрадикторните изјави на Мицкоски и Христовски. Мицкоски вели едно, дека наводно бил прислушуван, а директорот на АНБ го демантира и вели друго: дека станува збор за „прибирање информации за таргетирани лица“. Кој овде лаже Затоа е неопходно веднаш да се декласифицираат сите документи и јавноста да ја дознае вистината. Не може вака да се нафрлаат само изјави во јавноста без докази да им се приложат на граѓаните. Овој случај мора да биде целосно достапен на јавноста за да се утврди дали и кој ја злоупотребил функцијата во безбедносните служби“, рече таа.
Доколку АНБ тоа не го направи, додаде Кузеска, ќе стане јасно дека станува збор за уште еден неуспешен обид за манипулација од страна на власта и предизборна злупотреба.
„Исто како и во случаите со наводни дестабилизации, со некакви дронови, со обиди за поткуп од странски компании на премиерот и низа други измислени приказни кои завршија без никакви докази и без разрешница. ВМРО-ДПМНЕ си игра со безбедносниот апарат и го злоупотребува за партиско мешетарење за дневнополитички цели. Тоа е одлика на инфантилни политичари и популистички партии, кои имаат само една цел, да го одвлечат вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните“, рече Кузеска.
Според неа, растечкото незадоволство кај граѓаните поради катастрофалните политики и неисполнетите ветувања е само една од причините зошто ВМРО-ДПМНЕ рециклира потрошени стратегии од времето на Никола Груевски.
Македонија
Времен сообраќаен режим на патот Гостивар – Тетово

Почнувајќи од денеска во период од две седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчев