Македонија
Без струја повеќе делови на Скопје

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре (четврток) без електрична енергија ќе останат следните корисници:
Во време од 8:40 до 12:00 часот дел од ул. Трубарево кај црквата, ул. 1 и ул. 2, дел од ул. Благоја Стефановски кај црквата и дел од ул. Вера Јоциќ кај Црквата (о. Гази Баба);
Од 16:30 до 21:00 часот корисниците околу кружен ток кај кафулето Круг, ул. Орце Николов од бр. 93 до 99, Хелсиншки комитет на ул. Наум Наумовски Борче, ул. Антоние Грубишиќ (од ул. Мирослав Крлежа до Ленинова), ул. Коле Неделковски (од ул. Мирослав Крлежа до ул. Орце Николов), детска градинка на ул. Наум Наумовски Борче, ул. Наум Наумовски Борче (од Ленинова до Илинденска) и Министерство за култура на ул. Мирослав Крлежа (о. Центар);
Од 5:30 до 12:30 часот цела индустриска зона покрај автопатот (Сатра, Ролопласт, Каз груп па сè до Вичишки комерц), цел регион од Сатра до склад Макпетрол по должина на автопатот, хотел „Белви“ (од 5:30 до 6:00 часот, па потоа од 12:00 до 12:30 часот) (о. Илинден);
Од 13:00 до 16:00 часот објектот на HANTERSLIFE – дом за живот на стари лица, дел од с. Катланово, кој се напојува од ТС Младинска населба Катланово (о. Петровец);
Од 9:00 до 16:00 часот дел од ул.Петар Ацев (о. Аеродром);
Од 9:00 до 14:00 часот ул. Димо Хаџи Димов куќни броеви непарни од 45 до 55, ул. Димо Хаџи Димов куќни броеви парни од 42 до 68 (о. Кисела Вода) ;
Од 9:00 до 11:00 часот дел од с. Ракотинци (помеѓу зградата на о.Сопиште и ОУ во с. Ракотинци) (о. Сопиште);
Од 6:00 до 7:30 часот дел од ул. Анастас Митрев, дел од ул. Венјамин Мачуковски, во близина на ЗУР маркет (о. Аеродром);
Од 10:00 до 12:00 часот Брњарци, трафостаниците што ќе останат без напон: ТС Брњарци 1 и 2, ТС Обиколница 1 и 2, ТС Давос, ТС Жик Краварство, ТС АРС Комерц, дел од обиколницата која се напојува од ТС Обиколница 1 и ТС Обиколница 2, цело село Брњарци — нас. Синѓелиќ, дел од ул.
Методија Андонов Ченто, Лукоил Б. Пумпа, Мерцедес бенц, Дизел техник, Беса компани и фирмите во околина (о. Гази Баба) и
Во време од 9:00 до 14:00 часот дел од ул. Франце Прешерн (о. Карпош).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Бројот на вработени намален за 17.000 – погубни економски политики на ВМРО-ДПМНЕ

Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2024 година во земјава има над 17.000 помалку вработени, обвини СДСМ.
Според партијата, тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ за стабилна и одржлива економија.
„Со оваа неспособна Влада: пазарот на труд се стеснува, продуктивното население е разочарано и заминува, Фондот за пензиско осигурување е под притисок, бидејќи денес 1,63 вработени обезбедуваат една пензија, наместо 1,74 како што беше пред само една година. Владата нема стратегија, нема визија, нема мерки за задржување и отворање на нови работни места“, велат од СДСМ.
Од таму обвинија дека ова се последици од владеењето на Мицкоски и дека се зголемува несигурноста за младите, пензискиот систем се доведува во ризик, а приватниот сектор е оставен сам да се снаоѓа.
Македонија
Регионална иницијатива за превенција од пожари на Западен Балкан

Во услови на зголемени ризици од пожари, започна регионална иницијатива за подигање на свеста за управување со пожари на ниво на предел во земјите од Западен Балкан. Иницијативата, поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, има за цел да го поттикне интегрираното и одржливо управување со екосистемите, наместо традиционалниот пристап што се фокусира исклучиво на гаснење.
Пожарите оставија сериозни последици врз природата, економијата и животот на граѓаните, а над 90% од нив се предизвикани од човечка невнимателност — факт што укажува дека превенцијата е клучна.
Преку интерсекторска соработка, јакнење на локалните капацитети и активности на терен, иницијативата тежнее да создаде предели и заедници отпорни на пожари.
„Природата е наша заедничка одговорност. Со здружени напори можеме да постигнеме нула пожари предизвикани од човечки фактор,“ велат од Министерството.
Македонија
Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат од компанијата „Мирана“ преку официјално соопштение.
Од ударот се оштетени дел од просториите на „Биокосмос“ и, како што посочуваат од таму, тие привремено ќе бидат надвор од употреба додека не се санира штетата.
Фабриката „Мирана“, која се наоѓа во истиот индустриски комплекс, не била зафатена од пожарот и производствениот процес таму продолжува непречено.
Во пожарот нема повредени лица.
Центарот за управување со кризи претходно денес информира дека пожарот бил целосно локализиран рано утрово, околу 4 часот. Според информациите на ЦУК, огнот зафатил магацински простор со фрижидери и канцеларии со документација, а на неколку места сè уште се забележува слабо чадење.
Иако пожарот е ставен под контрола, службите сè уште се на терен за да спречат повторно разгорување, со оглед дека на одредени локации сè уште се јавуваат чадења.