Контакт

Спорт

Иво Карловиќ стана најстариот победник на меч на АТП-турнир

Објавено пред

Секоја нова победа на хрватскиот тениски ветеран Иво Карловиќ носи нов рекорд.

dobivaj vesti na viber

Хрватскиот тенисер повторно победува на АТП-турнир, и тоа по првиот настап по 6-месечна пауза.

Во првото коло на турнирот на трева во американски Њупорт, Карловиќ со 2-1 (по сетови 6:7, 6:1, 6:4) славеше победа против 24-годишниот шпански тенисер Бернабе Запата Миралес (120. на АТП-листата).

Со оваа победа популарниот Д-р Иво стана најстариот победник на еден АТП-турнир со 42 години и 135 дена.

Ова е втора АТП-победа оваа сезона за Карловиќ откако славеше и во првото коло на турнирот во Делреј Бич.

Претходно, рекордер во оваа категорија беше легендарниот Џими Конорс, кој во 1995 година исто така во 43-тата година настапи на турнирот во Хале и таму стигна до четврт-финалето.

Еден друг рекорд на Карловиќ, веројатно, никој нема да го собори уште долго време. Со 24-те аса на мечот со Запата Миралес хрватскиот ас стигна до бројка од 13.677 аса на 691 меч.

Засега втор на таа листа е Џон Иснер со 12.711 аса, а Федерер досега има 11.478, но на 1.462 меча.

Спорт

Барселона засекогаш му ја затвори вратата на Нико Вилијамс

Објавено пред

Првата ѕвезда на преодниот рок во Шпанија, па и пошироко, Нико Вилијамс, повотрно ја одби Барселона. Крилниот напаѓач го продолжи договорот со Атлетик Билбао до 2035. Откупната клаузула во договорт сега изнесува 95 милиони евра. Откако втор пат ја одби Барселона, Каталонците решија да му ја затворат вратата засекогаш.

dobivaj vesti na viber

За потсетување, медиумиуте тврдеа дека Вилијамс го договорил трансферот во Барселона преку својот менаџер. Дел од медиумите во Шпанија пишуваат дека се премислил бидејќи Барселона не можела да гарантира дека ќе биде регистриран.

Поради тоа решил да остане во Билбао, каде го добил најголемиот договор во историјата на клубот.

Барселона дозна, преку официјалната веб-страница на Атлетико, дека Вилијамс ја продолжил соработката со актуелниот клуб.

Фактот што претходно не ги информирал за својата одлука не му се допаднал на Џоан Лапорта. Првиот човек на Барселона, како што дознава каталонскиот „RAC1“, решил засекогаш да му ја затвори вратата на Вилијамс.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Херкул го испрати Ал Хилал дома

Објавено пред

Foto/ EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

dobivaj vesti na viber

Фудбалерите на Флуминензе први изборија пласман во полуфиналето на клупскиот Мундијал во САД. Бразилскиот клуб во првото четвртфинале, на стадионот во Орландо, го победи Ал Хилал со 2:1 (1:0).

Бразилскиот клуб се пласираше во следната рунда благодарение на головите на Мартинели во 40-та минута и на Херкулес во 70-та минута, додека стрелец за Хилалбио беше Леонардо во 51-та минута од натпреварот.

Флуминензе во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Челзи и Палмеирас.

Прикажи повеќе...

Спорт

Петмина побарале да го напуштат Јунајтед, клубот веќе му го одзеде број на Рашфорд

Објавено пред

Петмина фудбалери побарале да го напуштат Манчестер јунајтед. Маркус Рашфорд, Алехандро Гарначо, Антони, Тајлер Маласија и Џејдон Санчо нема да се појавата на првиот собир во пресрет на новата сезона.

dobivaj vesti na viber

Клубот верува дека ова е најдоброто решение додека сите споменати играчи ги истражуваат опциите за трансфер ова лето.

Сепак, вратите на тренинг центарот остануваат отворени за нив – тие ќе можат да користат медицински и рехабилитациски услуги.

Во меѓувреме, потврдено е дека Рашфпрд веќе остана без „десетката“. Бројот 10 на грбот ќе го носи новото засилување, Матеус Куња, за кого беа платени околу 70 милиони евра.

Што се однесува до Гарначо, менаџерот Рубен Аморим му порача да „се моли на Бога“ да најде нов клуб ова лето, откако го налути тренерот со своето однесување во текот на финалето на Лига Европа против Тотенхем.

Наполи ја следи ситуацијата околу аргентинскиот крилен напаѓач, а Челзи и Тотенхем се заинтересирани за него, заедно со уште еден клуб од Премиер лигата.

Санчо требаше да се врати на тренинзите откако Челзи плати околу пет милиони евра за да не мора да го откупи неговиот договор, вреден околу 25 милиони евра. Јувентус е заинтересиран за позајмица, но италијанскиот клуб не може да покрие ниту половина од неговите неделни приходи од 275.000 евра.

Антони успешно ја заврши минатата сезона на позајмица во Реал Бетис, кој сака да го задржи. Но, Бетис ќе мора да преговара за нов договор со Јунајтед, според кој бразилскиот крилен напаѓач би можел повторно да оди на позајмица со обврска да го откупи договорот за околу 35 милиони евра.

Тајлер Маласија исто така требаше да се врати во Манчестер откако ПСВ одлучи да не го откупи неговиот договор за осум милиони евра. Холанѓанецот е свесен дека не е во плановите на менаџерот Аморим.

Foto/ EPA-EFE/DAVID CLIFF

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ8 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ9 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија10 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија12 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија12 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ13 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија15 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија15 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија16 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ17 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ17 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија18 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион18 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет19 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа20 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион21 час

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија21 час

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија21 час

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ1 ден

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...