Спорт
Хамилтон пред Ферстапен на Силверстон, ќе стартува прв во спринт трката
Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на утрешната спринт трка, прва во историјата на Формула 1. Британецот на голема радост на домашната публика на Силверстон успеа да забележи подобар резултат од конкурентот од Ред Бул, Макс Ферстапен. Радоста на домашната публика ја надополнија Ландо Норис од Мекларен, кој ќе стартува шестти, и Џорџ Расел од Вилијамс, кој на стартот во спринтот ќе биде осми.
Хамилтон, со најбрзиот круг 1:26.134 минути, ја прекина доминацијата во квалификациите, која ја имаше Ферстапен на последните четири трки. Холанѓанецот задоцни зад Хамилтон 0,075 секунди.
На третото место квалификациите ги заврши колегата на Хамилтон, Валтери Ботас. Финецот имаше послабо време од Хамилтон за 0,194 секунди.
Утрешниот спинт веднаш до Ботас ќе го стартува Шарл Леклер од Ферари.
Зад нив следуваат Серхио Перез (Ред Бул), Ландо Норис (Мекларен), Даниел Рикардо (Мекларен), Џорџ Расел (Вилијамс), Карлос Саинц јуниор (Ферари) и Себастијан Фетел (Астон Мартин).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Хет-трик на Гризман за место во ЛШ, пресврт на Селта за опстанок во Примера
Фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа на гости кај градскиот ривал Хетафе, додека Селта како домаќин во Виго забележа победа над Атлетик Билбао во натпреварите од 36. коло на шпанската Примера.
Тимот на Чоло Симеоне го победи Хетафе со 3:0 Хет-трик постигна Антоан Гризман.
Со овие три бода мадридските црвено-бели го потврдија четвртото место и пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Тоа стана јасно и математички бидејќи во исто време Атлетик Билбао беше поразен во Виго од Селта со 2:1.
Баскијците поведоа преку Алекс Беренгер во 23. минута, но светло сините го свртеа резултатот во вториот дел. Јунак на победата беше 20-годишниот Уго Алварез. Тој влезе во игра во паузата меѓу двете полувремиња и најпрво му асистираше на Швеѓанецот Вилиот Сведберг за израмнување во 68.минута, а три минути подцна постигна убав гол за 2:1.
Селта сега има пет бода повеќе од Кадиз, кој се наоѓа на 18.место на табелата.
Спорт
(Видео) Челзи на чекор до Лига Европа, Јунајтед подобар од Њукасл
Фудбалерите на Челзи направија значаен чекор кон Лига Европа со победата од 2:1 (1:0) во Брајтон, додека Манчестер Јунајтед на домашен терен го победи Њукасл со 3:2 (1:0).
Со нови три бода, избраниците на Маурисио Покетино ја задржаа предноста од три бода пред Њукасл и Манчестер Јунајтед.
На југот на Англија, Челзи поведе со голот на Кол Палмер во 34. минута, за Кристијан Нкунку во 64. да зголеми на 0:2.
Рис Џејмс заработи црвен картон во 88. минута, а Челзи до крајот играше со десет играчи, а во осмата минута од судиското надополнување, Дени Велбек успеа само да го ублажи поразот на Брајтон.
Многу возбудувања имаше на „Олд Трафорд“, на крајот славеше домаќинот.
Во 31. минута Коби Мајну погоди за водство на Манчестер Јунајтед, а Арон Гордон по брз контранапад во 48. минута успеа да израмни на 1:1.
Во 57. минута Амад Диало со одличен удар од далечина зголеми на 2:1, а потоа Ерик тен Хаг направи три измени пред крајот на натпреварот.
Тој во 83. минута ги внесе Расмус Хојлунд, Маркус Рашфорд и Лисандро Мартинез, а само минута подоцна беше постигнат третиот гол за домашните.
Хојлунд, го постигна 15. гол во сезоната.
Во судиското надополнување, Луис Хол во 92. минута намали на 3:2, но не можеше целосно да го избегне поразот.
Во последното коло Њукасл гостува кај Брентфорд, Манчестер Јунајтед кај Брајтон, додека Челзи го пречекува тимот на Бурнмут.
Спорт
(Видео) Рајо обезбеди опстанок, Димитриевски стана клупска легенда
Фудбалерите на Рајо Ваљекано на две кола до крајот на сезоната обездени опстанок во шпанската Примера.
Рајо во 37.коло ја победи Гранада со 2:1 и покрај тоа што од петтата минута играше со фудбалер помалку. Трехо доби црвен картон.
Лежен погоди за домашните во 23.минута, а во 80. предноста ја зголеми Де Фрутос. Почесниот гол за Гранада го постигна Боје во претпоследната минута.
На оовј натпревар македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски влезе во историјата на рајо Ваљекано. Тој го одигра 190. натпревар и стана голман со најмногу натпревари во клупската историја.