Топ
Приведен скопјанец кој крадел струја за да „копа“ биткоини
На подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров, вчера полицијата го уапсила 37-годишниот В.П, кој се товари дека со украдена струја вршeл „копање“ на криптовалути (биткоин).
Како што информираат од МВР, при претресот извршен кај него, било констатирано дека врши кражба на струја, при што биле пронајдени и одземени 7 компјутери специјализирани за собирање криптовалути, т.н. ‘мајнери’.
Лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави за сторени кривични дела по членовите 235 и 236 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снопче ја праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг
Кандидатот за пратеник од коалицијата ВЛЕН Халил Снопче изјави дека „Европски фронт“ не може да се промовира со старата гарда на Груевски.
„Велиме дека Груевски бил најкриминализирана сила. Не можете да го промовирате „Европскиот фронт“ со кандидат за пратеник на црната листа на Америка. Не можете да го промовирате „Европскиот фронт“ со целосно неприродна соработка. Мендух Тачи го нарече Али Ахмети, убиец. Зијадин Села пак, рече дека тој бил организатор на 27 април, дека Али Ахмети ја нарачал неговата елиминација а сега ги здружуваат силите“, рече Снопче.
Според него, ДУИ се уште не се изјасниле со која партија ќе коалицираат во идната влада.
„ДУИ мора да каже. Ако сака да биде во владата, со која партија ќе коалицира. Не се изјаснија“, рече Снопче.
Снопче додаде дека ДУИ од една страна ја критикува ВМРО, а од друга страна ги моли оние што ги критикуваат.
„Следната влада ќе се создаде со 61 пратеник, затоа ја прашувам ДУИ со која партија ќе формира влада. Според резултатите од 24 април, ако ги претвориме во мандати, СДСМ ќе добие 24 пратеници. Максим Димитриевски рече дек не влегува во влада со ДУИ. ДУИ може да формира влада само со ВМРО, додека ВМРО изрази дека нема место за ДУИ во следната влада”, рече Снопче, апелирајќи до ДУИ да посочи со која партија ќе формира Влада.
Снопче на крајот ја праша и ДУИ зошто не го поддржуваат Стево Пендаровски во вториот круг како што го поддржаа на претседателските избори во 2019 година како консензуален кандидат.
Свет
Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје
Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Со цел да се зголеми подготвеноста на нестратешките нуклеарни сили за извршување на борбени задачи, Генералштабот започна со подготовки за одржување вежби со ракетните формации на Јужниот воен округ“, се наведува во соопштението.
Како што се посочува, маневрите ќе се одржат во блиска иднина и ќе ги опфатат и авијацијата и морнарицата.
„Целта на вежбата е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје за одговор и обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата“, наведуваат од Министерството.
Тие додаваат и дека тоа е „одговор на провокативните изјави и заканите на одредени западни функционери“ против Русија.
Македонија
Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца
Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу два часот по полноќ се случила на експресниот пат Штип-Кочани.
Во несреќата која била пријавена во 2:24 часот изутрина, учествувало само едно возило. Автомобилот „рено лагуна“ со скопски регистрации излетало од коловозот во близина на клучката кај селото Крупиште.
Возачот – 39-годишен маж од Скопје – починал, а сопатничката и двете деца се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Штип.
Увидот во несреќата е во тек.