Свет
Драма на истокот на Русија, брачен пар поминал два дена на дрво за да не ги изедат мечки

Брачна двојка планирала излет, но нивниот автомобил се заглавил во длабоко езерце на околу 11 милји од топлите извори во областа Камчатка, пишуваат руските медиуми.
Брачниот пар останале во автомобилот една вечер пред да тргнат кон туристичката база кај изворите за да повикаат помош.
За време на патувањето до базата, сфатиле дека голем ѕeвер се провлекол кон нив, но дека не го забележале веднаш затоа што било тивко.
Мојот сопруг беше првиот што го виде предаторот. Отпрвин ја исплашивме мечката, но таа брзо се врати и трчаше по нас.
Двојката се стрчала на 200 метри по падината кон реката каде се искачиле на дрво.
„Мечката речиси ќе го убиеше мојот сопруг. Фрлив шише со вода кон животното за да го одвлечам вниманието, а мојот сопруг успеа да се искачи на дрвото“, изјавила жената.
Таа тврдела дека мечката внимателно ги „чувала и набљудувала“ два дена, а тие наизменично спиеле и го надгледувале нејзиното движење.
„Сфативме дека немаме сила да останеме на дрвото, без храна и вода. Но мечката не остави сами“, изјавиле тие.
Спасител по име Артур рече дека ја пронашол двојката во автомобилот кратко време откако повторно стигнале до возилото.
Минатата година во Камчатка беа регистрирани четири напади на мечки врз луѓе, со два смртни случаи.
Во регионот има околу 23.000 диви мечки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.