Европа
Поради новите правила против кoронавирусот, паѓа поддршката за Макрон кај младите, покажуваат анкетите
Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја изгуби популарноста меѓу младите во таа земја кога француските власти ги претставија новите правила во врска со здравствените пропусници и задолжителната вакцинација на вработените во здравствената заштита.
Популарноста на Макрон се намали 13 % кај луѓето на возраст од 12 до 24 години, покажува анкетата спроведена од агенцијата за истражување на јавното мислење на IFOP.
Процентот на оние што не ја одобруваат политиката на францускиот претседател е зголемен кај возрасните групи од 25 на 34 и од 35 на 49 проценти.
Во исто време Макрон доби шест проценти поголема поддршка кај пензионерите и три проценти кај населението постаро од 65 години.
Анкетата покажа дека популарноста на Макрон расте меѓу групите луѓе што претежно примале вакцина против коронавирусот.
Француската влада објави извештај во кој се наведува дека досега се вакцинирани 55 % од населението во земјата.
Илјадници луѓе вчера маршираа низ Франција во знак на протест против задолжителната вакцинација на здравствените работници и ковид-пропусниците за влез во ресторани и други места.
Во Париз, поради најавата на Макрон, голем број граѓани скандираа „слобода“ и носеа транспарентни осудувајќи ја медицинската диктатура на францускиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Полскиот премиер тврди дека е постигнат напредок со Украина во врска со спорот од Втората светска војна
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја посети Варшава во среда, соопшти кабинетот на полскиот премиер, по, како што го нарече Полска, пробивор во историскиот спор околу ексхумациите од времето на војната кој стоеше меѓу двата сојузници.
Иако Полска е еден од најверните поддржувачи на Украина по инвазијата на Русија во 2022 година, врските меѓу соседите беа затегнати со генерации поради убиствата во Волинија извршени помеѓу 1943 и 1945 година.
Полска соопшти дека повеќе од 100.000 Полјаци биле убиени во масакрите извршени од украинските националисти. Илјадници Украинци исто така загинаа како одмазда.
Полска долго време бараше слободен пристап за своите експерти до местата каде што се верува дека се погребани останките на убиените, за да можат да бидат ексхумирани за достоинствен погреб.
Во петокот полскиот премиер Доналд Туск го поздрави „моментот на напредок“ во односите, велејќи дека Украина одлучила да ги дозволи првите ексхумации на жртвите.
Украина често ги споменува настаните во Волинија како дел од конфликтот меѓу Полска и Украина што ги погоди и двете нации.
Европа
Зеленски: Русија нападна со повеќе од 40 проектили
Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така го коментираше нападот, кој објави дека руските сили лансирале повеќе од 40 проектили. Целта беше украинскиот енергетски сектор, рече Зеленски.
President @ZelenskyyUA:
Another massive russian attack. It's the middle of winter, and the target for the russians remains unchanged: our energy infrastructure. Among their objectives were gas and energy facilities that sustain normal life for our people. Over 40 missiles were…— Defense of Ukraine (@DefenceU) January 15, 2025
Властите во западна Украина денеска објавија дека критичната инфраструктура била погодена во „масивен“ руски ракетен напад.
Families, children, and the elderly pack Kyiv’s subway as another wave of Russian missiles targets Ukraine. pic.twitter.com/vko2dj7VTZ
— KyivPost (@KyivPost) January 15, 2025
Луѓето во Киев се засолнија во подземните станици во страв од руските напади.
Европа
(Видео) Првите снимки од масовниот руски напад врз Украина
„Целта за Русите е непроменета: нашиот енергетски сектор. Нападната беше гасната инфраструктура и енергетските капацитети кои обезбедуваат нормален живот на луѓето. Беа лансирани повеќе од 40 проектили, вклучително и балистички. Најмалку 30 од нив беа соборени. Лансирани беа и повеќе од 70 руски дронови“, објави украинскиот претседател Зеленски на социјалните мрежи.
Објавени се и првите поконкретни детали за последиците од нападот.
„Критичните инфраструктурни објекти беа мета на нападот. За среќа нема жртви“, извести шефот на воената управа на Ивано-Франковск.
Регионот Лавов и неговата енергетска инфраструктура беа нападнати со крстаречки ракети. Штетата се уште се проценува.
Во шест региони има и вонредни прекини на струја.
Пристигна првата снимка од последиците од нападот, на која се гледа џиновски кратер од руски проектил во регионот Лавов во западна Украина.
Russia attacked Ukraine's energy infrastructure this morning – yet again.
"The target for the Russians is unchanged: our energy sector. Gas infrastructure and energy facilities that ensure normal life for people were targeted. More than 40 missiles were launched, including… https://t.co/CJY0BsRzW3 pic.twitter.com/aKiXinJkVH
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 15, 2025