Свет
Фаучи: Делта-сојот е виновен за новите бројки на заразени во Америка
Ентони Фаучи, водечкииот американски експерт за заразни болести, изјави дека делта-сојот на коронавирусот е виновен за повеќе од 80 проценти од новите случаи во САД.
„Одобрените вакцини се повеќе од 90 проценти ефикасни во спречување на хоспитализации и смртни случаи од коронавирус“, рече Фаучи, еден од членовите на тимот на Белата куќа за одговор на пандемијата Ковид 19, за време на дебатата во американскиот Сенат.
Според американските медиуми, сослушувањето го одбележа дискусијата на републиканскиот сенатор Ренд Пол, кој го обвини Фаучи за кажување невистини дека Националниот институт за здравство обезбедува финансиски средства за истражување во кинескиот институт за вирусологија во Вухан – првичниот епицентар на глобалната пандемија од Ковид-19.
Сенаторот од американската држава Кентаки, кој имаше неколку дискусии со Фаучи за време на истрагата поврзана со пандемијата, тврди дека истражувањето можело да има улога во развојот на коронавирусот во лабораторијата во Вухан.
„Ако биде фатен дека лаже во Конгресот – според американскиот кривичен закон, му се заканува казна затвор од пет години“, рече Пол.
Фаучи, кој беше претежно смирен во претходните дискусии, овој пат возврати поостро.
„Сенаторе Пол, никогаш не сум лажел во Конгресот. Не знаете што зборувате”, одговори Фаучи.
Потеклото на коронавирусот стана предмет на жесток партиски конфликт во САД. Републиканците охрабруваат истражување за тоа дали е развиено во лабораторија во кинескиот град Вухан.
Американскиот претседател, Џозеф Бајден, побара од неговите соработници да го испитаат потеклото на коронавирусот и да го известат за добиените резултати во рок од три месеци. Преовладува теоријата меѓу здравствените експерти дека вирусот потекнува од животни, односно лилјаци и дека преку нив стигнал до луѓето.
Делта-сојот на коронавирус е откриен во Индија на почетокот на 2021 година. Оттогаш, тој стана доминантна верзија во САД и другите земји. Досега е откриен во повеќе од 90 земји.
Според универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон, повеќе од 34 милиони луѓе се разболеле во САД, а повеќе од 609 илјади починале.
Според Центрите за контрола и превенција на болести, повеќе од 161 милиони луѓе се целосно вакцинирани – или 48 проценти од населението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп се закани со воена акција на Нигерија: „Убиваат рекорден број христијани“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека американската војска би можела да испрати војници во Нигерија или да започне воздушни напади за да го спречи она што тој го нарече убивање на голем број христијани во западноафриканската земја.
На прашањето дали предвидува војници на терен или воздушни напади во Нигерија, Трамп им рече на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“: „Може да биде. Мислам, и други работи. Замислувам многу работи. Тие убиваат рекорден број христијани во Нигерија… Тие убиваат христијани, и ги убиваат во многу голем број. Нема да дозволиме тоа да се случи.“
Трамп ги даде овие забелешки во неделата вечерта, враќајќи се во Вашингтон од викендот поминат во неговата куќа за одмор во Флорида. Трамп се закани со воена акција против Нигерија во саботата ако најнаселената земја во Африка не преземе мерки против убивањето на христијаните.
Заканата на американскиот претседател за воена акција дојде еден ден откако неговата администрација повторно ја додаде Нигерија на листата на „земји од особена загриженост“ за кои САД велат дека ги прекршиле верските слободи. Други земји на листата се Кина, Мјанмар, Северна Кореја, Русија и Пакистан.
Нигерија во неделата изјави дека ќе прифати помош од САД за борба против исламистичките бунтовници сè додека се почитува нејзиниот територијален интегритет, во одговорот на заканите за воена акција на претседателот Доналд Трамп. „Ја поздравуваме помошта од САД сè додека таа го признава нашиот територијален интегритет“, изјави за Ројтерс Даниел Бвала, советник на нигерискиот претседател Боле Тинубу.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над воена база во Белгија: полициски хеликоптер ги следеше, па ги изгуби
Четири дронови беа видени синоќа над белгиската воена воздухопловна база Клајне-Брогел, која ја користат силите на НАТО, во најновиот од неколкуте инциденти пријавени за време на викендот.
Белгиската новинска агенција Белга ги објави видувањата, повикувајќи се на локалниот градоначалник Стивен Матеи. Полициски хеликоптер ги следеше, но на крајот исчезнаа на север кон Холандија.
Дронови беа видени и во ноќта од сабота кон недела.
„Беше користен попречувач, но се покажа како неуспешен. Полициски хеликоптер и возила го гонеа дронот, но го изгубија по неколку километри на север“, извести за инцидентот белгискиот министер за одбрана Тео Франкен.
Министерот ги опиша дроновите како големи модели и рече дека „не станува збор за редовно прелетување, туку за јасна мисија насочена кон Клајне-Брогел“. „Тие летаа на голема надморска височина“, истакна тој. Истрагите се во тек.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Најмалку 20 мртви, а повеќе од 150 повредени во силниот земјотрес во Авганистан
Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди северниот авганистански град Мазар-е Шариф рано наутро во понеделник, при што загинаа најмалку 20 лица, а околу 150 беа повредени, соопштија покраинските власти.
Геолошкиот завод на САД (USGS) соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 28 км во близина на Мазар-е Шариф, град со околу 523.000 жители.
CCTV footage shows the moment a strong M6.3 earthquake struck Mazar-e-Sharif, Afghanistan, a short while ago. pic.twitter.com/NX0o04Ggi5
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) November 2, 2025
„Вкупно 150 повредени и 20 мртви лица се пријавени до утрово и се префрлени во здравствени центри“, изјави за Ројтерс Самим Џојанда, портпарол на здравствените служби во Саманган, планинска северна покраина во близина на Мазар-е Шариф.
Бројот на жртви е базиран на болничките извештаи собрани до понеделник наутро, рече тој.
USGS издаде портокалово предупредување на својот PAGER систем, автоматизиран систем кој дава информации за влијанието на земјотресот, што укажува дека „веројатни се значителни жртви и дека катастрофата е потенцијално широко распространета“.
A powerful earthquake struck northern Afghanistan in the middle of the night, causing houses to collapse while residents were deeply asleep, resulting in numerous fatalities. pic.twitter.com/t4x6dNmwdQ
— Nilofar Ayoubi 🇦🇫 (@NilofarAyoubi) November 2, 2025
Земјотресот уништи дел од светото место Мазар-и-Шариф, изјави Хаџи Заид, портпарол на покраината Балх, мислејќи на Сината џамија. Националната агенција за катастрофи соопшти дека извештаите за жртвите и штетите ќе бидат објавени подоцна. Ројтерс не можеше веднаш да ја потврди обемот на штетата од земјотресот.
фото: принскрин

