Свет
Повеќе од 1,5 милион деца во светот изгубија барем еден родител поради коронавирусот
Речиси 1,5 милион деца во светот изгубија барем еден родител или друг старател во пандемијата на Ковид-19 од март 2020 година до април оваа година.
Една нова студија објавена во списанието „Лансет“ покажа дека бројот на деца што изгубиле еден или двајцата родители поради пандемијата е особено голем во споредба со бројот на населението во Јужна Африка, Мексико, Бразил и во Колумбија.
Бројот на деца што ги загубија своите татковци е пет пати поголем од бројот на деца што ги загубија своите мајки, пренесуваат агенциите.
Група истражувачи предводени од Сет Флексман од Империјал колеџ во Лондон дојдоа до оваа бројка врз основа на математички модели користејќи податоци за наталитетот и смртноста од коронавирус.
Бидејќи податоците не се целосни за сите места, тој број може да биде само процена, а веројатно е и поголем, напишаа научниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Облакодерот во Загреб гори со часови, паѓаат делови од фасадата: штетата е тотална
Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во кој вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од фасадата паѓаат, а загрепските пожарникари цела ноќ се борат со пожарот. Се проценува дека ќе биде потребен цел ден за да се изгасне.
93 пожарникари со 30 возила го гаснат пожарот
„Штетата е голема. Иако поголемиот дел од зградата беше напуштен, собите внатре се полни со опрема и документи. Пријавата ја добивме околу 23 часот. Интересно е што имаше само една пријава од граѓанин. Нормално, секогаш добиваме многу пријави за големи пожари.
Штом видовме отворен пламен, веднаш побаравме дополнителна интервенција. Опасно е бидејќи, кога екипите почнаа да се качуваат и да го гаснат пожарот, видовме дека пожарот почнал да се појавува на долните катови, дури и на приземјето, што значи дека се ширел низ вентилацијата“, рече Синиша Џембрих, командант на Јавната противпожарна служба на Град Загреб.
„Сите пожарникари на Град Загреб беа на овој пожар. Се претпоставува дека ќе го ставиме пожарот под контрола во текот на денот. Но, ќе биде потребно време“, додаде тој.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: бројни населби без струја
Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен напад, оставајќи многу населби без електрична енергија.
Нападите ги исклучија електраните Зуивска и Старобешево, а тимови за итни случаи беа распоредени за да ја санираат штетата.
Само еден ден претходно, Пушилин рече дека украинските напади со беспилотни летала врз енергетската инфраструктура на регионот оставиле околу 500.000 луѓе без електрична енергија.
Украинската страна не го потврди нападот. Во последните недели, Киев изврши неколку напади со беспилотни летала со долг дострел врз енергетската инфраструктура во делови од Донецк контролирани од Русија, со цел да се поткопа способноста на Русија да ја продолжи војната.
фото: принтскрин
Регион
Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува
Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати неколку ката и покривот, поради што голем број пожарникари и опрема беа вклучени во неговото гаснење.
Сцените се ужасни, а градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, исто така, дојде кај зградата утрово.
„Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси одвнатре и однадвор. Причината е непозната, постојат некои сомневања, но истрагата на лице место ќе го утврди тоа. За жал, штетата е целосна. Мнозински сопственик на зградата е државата, градежните инженери ќе треба да видат дали објектот е за рушење или ќе се обнови“, рече Томашевиќ.
Засега нема опасност од уривање, додаде тој. „Најважно е што нема жртви и безбедноста на пожарникарите е најважна“, додаде тој.
фото: принтскрин

