Контакт

Економија

Бесими: Учесниците на пазарот мора да придонесат во надминување на тековните состојби

Објавено пред

Денеска, во Министерството за финансии се одржа седница на Советот за развој на пазарот на капитал, на која министерот за финансии, Фатмир Бесими, најави дека Советот активно ќе продолжи со своите активности.

dobivaj vesti na viber

„Мерките што ги презема Владата на Република Северна Македонија во доменот на пазарот на капитал не може да ги решат сите проблеми пред кои сме исправени. Но, се надевам дека со заеднички напори, преку меѓусебна размена на искуства и идеи, сите заеднички ќе дадеме придонес во изнаоѓањето вистински решенија за натамошниот раст и развој на пазарот на капитал. Учесниците на пазарот како најзасегнати страни мора да дадат свој придонес во надминување на тековните состојби“, рече минситерот на седницата на Советот за развој на пазарот на финансиските пазари.

Министерот потенцира дека за правилно насочување на понатамошниот развој на финансиските пазари и нивна либерализација има потреба од изготвување стратегија за либерализација и развој на финансиските пазари, со посебен осврт на пазарот на капитал, користење на меѓународното експертско искуство и практики во земјите со слично ниво на развиеност на финансиските пазари како нашата земја.

Бесими истакна дека Министерството за финансии, со цел да го стимулира економскиот раст во Република Северна Македонија, особено во фазата на закрепнување на економијата од последиците предизвикани од пандемијата на Ковид-19, е во процес на планирање на начинот и условите за воспоставување фондови за развој, кои се во насока на олеснување на пристапот до финансиски средства за компаниите во Република Северна Македонија.

Главниот фокус е во изнаоѓање начини за создавање извори на средства за малите и средните компании, за стратешки и зелени инвестиции, кои се двигател на економскиот раст и генератор на нови работни места. Овие нови извори на средства треба да го поддржат економскиот раст, без дополнително зголемување на дефицитот, туку со воспоставување фондови, кои ќе соберат капитал од реномирани приватни инвеститори и меѓународни финансиски институции.

Советот денеска се осврна и на прашањето за виртуелните средства и нивото регулирање.

Некои држави донесоа законски решенија за регулирање на виртуелните средства сѐ со цел да привлечат инвеститори во виртуелни средства и да се отворат за иновативната технологија врз основа на која се создадени овие средства. Во Република Северна Македонија првпат со предлогот на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризмот се среќаваат виртуелните средства само од аспект на активности поврзани со спречување перење пари и финансирање тероризам.

Советот за развој на пазарот на капитал ја следи состојбата на пазарот на капитал и предлага мерки за обезбедување негов континуиран раст и развој. Го сочинуваат министерот за финансии, д-р Фатмир Бесими, кој е и претседател на Советот, а членови се претставници на Министерството за економија, Комисијата за хартии од вредност, Народната банка на Република Северна Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување, Македонска берза АД Скопје, Централен депозитар на хартии од вредност АД Скопје, Македонската банкарска асоцијација – Скопје, како и претставници од друштвата за управување со инвестициски фондови, од пензиските друштва и претставник од големите трговски субјекти, предложен од Стопанската комора на Македонија, Стопанска комора на севернозападна Македонија и Сојузот на стопанските комори на Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Пуштени во употреба првите 20 клилометри од автопатот Кичево-Охрид

Објавено пред

Првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун, денеска се пуштени во употреба. Овој момент, според Владата, претставува пресвртна точка и симбол на работата, посветеноста и разликата во пристапот кон големите проекти меѓу актуелната и претходната власт.

dobivaj vesti na viber

На свеченоста присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој порача дека не се работи само за пуштање на делница, туку за враќање на довербата на граѓаните.

„Само една година откако ја презедовме одговорноста за водење на државата, успеавме да го откочиме еден од најзаглавените инфраструктурни проекти. Овој автопат беше симбол на застој и срам, а денес е симбол на новото време. Секој метар е изграден со напор и волја да се стави крај на неуспесите од минатото“, изјави премиерот.

Тој најави дека веќе следната година автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно завршен и ставен во функција.

„Ова нема да биде случајна победа, туку планиран успех и резултат на секојдневна одговорна работа“, додаде Мицкоски.

Оптимизам за иднината изрази и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, кој оцени дека со оваа делница се отвораат нови можности за граѓаните и туризмот во регионот.

„Ова е автопат кој ги поврзува Кичево, Охрид и Струга со Скопје, Тетово и Гостивар, но и со Албанија. Веќе денес, овие први 20 километри се реалност и корист од нив ќе имаат сите“, нагласи Николоски.

Тој потсети дека проектот бил оставен во заборав и запустен од претходната Влада.

„Ова беше симбол на неспособноста на СДСМ и ДУИ. Немаше ниту работници, ниту инженери, ниту механизација. А денес е доказ за нашата посветеност и тоа е клучната разлика“, рече Николоски, додавајќи дека е симболично што првиот дел се отвора токму во славна Дебарца.

Изградбата на целокупниот автопат, кој е со вкупна должина од 57 километри, треба да биде завршена до крајот на 2026 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Тодор Анѓушев на конференција на Делегацијата на германско стопанство „Децентрализирано снабдување со електрична енергија преку фотоволтаици“

Објавено пред

Законските одредби се донесени, и останува да се поставуваат батерии со добра проценка и пресметка за да се постигне најдобра исплатливост, порача Тодор Анѓушев, директор на ЕМС во групацијата Фероинвест, на конференцијата на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, на која германски фирми ги претставуваа своите практики, производи и искуства во енергетиката.

dobivaj vesti na viber

„Потребно е да одиме кон што повеќе обновлива енергија, но истовремено дистрибутивниот и преносниот систем треба да се стабилизираат за да може да го поднесат тоа. Треба што побрзо да се работи на поставување батериски системи и на тој начин да се реши дизбалансот што обновливите извори го прават во системот. Но, по инсталирањето многу битен ќе биде и мониторингот на батерискиот систем. Нашата компанија располага со сопствен мониторинг систем, и може да ја програмира, води и управува батеријата ден за ден за инвеститорот да добие оптимални резултати“ – изјави Тодор Анѓушев.

Германските компании на конференцијата ги презентираа своите технолошки решенија и искуства, вклучително и примената на BIPV (building integrated photovoltaics) – технологија која овозможува вградување на фотоволтаици во фасади и кровни елементи без да се наруши естетиката на објектите.

Овие практики покажуваат јасен тренд – иднината припаѓа на децентрализираното, чисто и ефикасно производство на енергија, а  Северна Македонија, со усвоените закони и со компании кои веќе нудат современи решенија, има потенцијал да го следи тој пат со забрзан чекор.

Комерцијален текст 

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска: Новата ТС Охрид го поврзува Балканот и европскиот пазар на електрична енергија

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето за изградба на новата трансформаторска станица Охрид (ТС Охрид), дел од проектот за интерконекција Македонија–Албанија. Проектот опфаќа две целини – LOT 1: далноводот Битола – граничен премин со Албанија и LOT 2: изградба на трансформаторската станица Охрид во близина на селото Мешеишта.

dobivaj vesti na viber

Божиновска се запозна со текот на интензивните градежни активности што се одвиваат на површина од 80.000 метри квадратни: изградба на потпорни ѕидови и наклони, градежни работи на командната зграда, комплетирани фундаменти и започната монтажа на челични носачи и опрема во 400 kV постројка.

„Со реализацијата на овој проект, Северна Македонија гради мост кон европските пазари на електрична енергија, создава услови за стабилно и економично снабдување за граѓаните и отвора простор за приклучување на нови производители од обновливи извори – што е наш врвен приоритет, “истакна Божиновска.

Изградбата на новата 400 kV линија е стратешко зајакнување на стабилноста и сигурноста на електроенергетската мрежа на земјава. Со тоа се заокружува електроенергетското поврзување со сите соседи, што овозможува не само зголемена стабилност и доверливост, туку и активно учество на пазарите за балансни и системски услуги и размена на енергија во регионот.

При посетата, таа беше пречекана и детално информирана за напредокот на проектот од страна на проект менаџерот Дарко Докузовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ24 минути

11-годишно дете и маж се тешко повредени откако возилото излетало низ дупка во оградата кај Прилеп

11-годишно дете и маж се здобиле со тешки телесни повреди, откако попладнево нивниот автомобил излетал од експресниот пат Прилеп–Градско и...

Македонија2 часа

Границите во колапс, по еден час се чека на Табановце и на Богородица

Зголемена фреквенција на возила и чекање од околу еден час се евидентирани на граничните премини Табановце и Богородица, информира Авто-Мото...

Свет3 часа

Зеленски: 1.800 дронови и 1.200 бомби врз Украина за една недела, Русија го засилува теророт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за ескалација на теророт врз цивилното население, откривајќи дека во последната недела врз...

Топ4 часа

Охриѓанка тешко повредена откако ја удрило комбе додека била на велосипед

56-годишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во саботата рано наутро,...

Македонија4 часа

Младите на „Галичка свадба“ добија подарок од претседателката Сиљановска Давкова

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, и годинава беше дел од манифестацијата „Галичка свадба“, каде што одблизу ги проследи свадбарските обичаи...

Македонија6 часа

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот од трагичниот настан што се случи на 12 јули 2025 година...

Економија6 часа

Пуштени во употреба првите 20 клилометри од автопатот Кичево-Охрид

Првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун, денеска се пуштени во употреба. Овој...

Македонија9 часа

Петрушевски: Приведени осомничени за подметнување пожари, дел поврзани со опозицијата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вели дека последните пожари што ја зафатија околината на Скопје, според досегашните информации, не биле...

Македонија11 часа

МВР потврдува: Роднината убил две лица, фрлил бомба и пукал кон полицијата, па се самоубил

Тешка трагедија го потресе Прилеп, откако тројца членови на едно семејство, меѓу кои и 13-годишно дете, беа пронајдени мртви со...

Македонија11 часа

ОЈО со детали за грозоморното убиство во Прилеп: Ги убил внукот и неговиот 11-годишен правук, па се самоубил

Обвинителството откри детали од вчерашната трагедија во Прилеп. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид во куќа...

Култура11 часа

(Видео) Охридското лето се отвори, и уметноста прозборе – музиката и мајчинството во хармонија на Античкиот театар

Под ѕвезденото небо на Античкиот театар во Охрид, синоќа величествено беше отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ со...

Топ13 часа

Семејна драма во Прилеп, убиени малолетно дете и неговиот татко, напаѓачот си пресудил сам

Во семејна трагедија што се случи синоќа во прилепската населба Точила, животот го загубија три лица, меѓу кои и едно...

Македонија13 часа

Македонија под топлотен бран, температурите до 38 степени

Македонија денеска е под влијание на топол воздушен бран што носи високи температури и претежно сончево време. Според Управата за...

Македонија1 ден

Ангелов: Најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори...

Македонија1 ден

Обезбедување од МВР ќе ја чува Данела Арсовска 24 часа

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка...

Македонија1 ден

ОЈО сомничи двајца за насилство врз градоначалничката Арсовска

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“. Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја...

Македонија1 ден

ФЗО ќе покрива шест, наместо досегашните три ин витра за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство

Вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овозможени на товор на Фондот за здравствено осигурување...

Македонија1 ден

Пожарникарите се бореа со огнови на 38 места во државава, 30 се изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари од кои три активни, пет ставени под контрола и 30...

Македонија2 дена

Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс“

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д....

Македонија2 дена

„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска. „Она што ѝ...