Спорт
Закана за ОИ во Токио – тајфун се приближува, ветрови со брзина од 108 км. на час
Паника на Олимписките игри во Токио. Малку фалеше да не запчнат поради пандемијата на коронавирусот, а сега тајфун се заканува да ги поремети спортските случувања.
Јапонската метеоролошка агенција јавува дека тајфунот наречен „Непартак“ поминал покрај Минамитори островите, на 1.800 километри јогоисточно од Токио.
Тој уште од неделата оди кон Токио со 15 километри на час, а поради тоа веќе се одложени некои натпревари во веслање. Во неговиот центар се ветрови кои дуваат со брзина од ветрови со брзина од 108 км. на час.
Предвидувањата се дека тајфунот може да стигне во главниот град за 24 часа, а делови од Јапонија веќе се погодени од силни ветрови и големи бранови.
The latest JMA forecast takes #Nepartak very close to Tokyo Tuesday. This on any other day would be just another Tropical Storm for the city but with the Olympics going on for sure is going to cause some issues. https://t.co/Sehsn9PVkY pic.twitter.com/89Rj1DrAp8
— Robert Speta (@RobertSpetaWX) July 24, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Ел Пистолеро“ го продолжи договорот со Интер
Уругвајскиот центарфор Луис Суарез ја продолжи соработката со Интер Мајами до крајот на следната сезона, потврдија од клубот од Флорида.
Тоа значи дека 37-годишниот „Ел Пистолеро“ ќе остане уште една сезона со соиграчите од славниот период на Барселона: Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Од следната сезона Интер ќе го тренира Хавиер Маскерано, уште еден играч на Барселона (2010 до 2018), кој до неодамна раководеше со младинскиот тим на Аргентина.
Суарез минатата сезона беше најдобар стрелец на тимот со 25 гола.
Сезоната во МЛС лигата ја одбележа доминацијата на Интер со 22 победи, четири нерешени и осум порази за рекордни 74 бода, но тие не се прославија во плеј-офот, каде во првото коло, во три натпревари беа елиминирани од Атланта јунајтед.
Спорт
Нова престижна награда за „златното момче“ на Барселона
Асот на Барселона и ѕвезда на шпанската репрезентација Ламин Јамал е добитник на наградата за најдобар млад фудбалер во светот, „Златно момче“. Најдобриот млад играч во изборот „Тутоспорт“ секоја година го избира новинарско жири од 50 експерти од најзначајните европски весници.
Од можни 500 поени во гласањето, Ламин Јамал освоил 488, објави „Тутоспорт“.
Ламин Јамал доби уште една индивидуална награда, претходно беше прогласен за најдобра млад игра на Европското првенство, а потоа истата награда ја доби и на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“.
Петит пат откако се доделува наградата таа оди на Принејскиот полуостров. Претходни лауретаи беа Сеск Фабрегас (2006), Иско (2012), Педри (2021) и Гави (2022).
Спорт
(Видео) Хаос во Белград: „Делиите“ претепале навивачи на Штутгарт
Српското министерство за внатреѓни работи се огласи по тепачката која се случи во Белград помеѓу навивачите на Црвена звезда и Штутгарт.
Тепачка се случи попладнево во близина на Зелени венац, кога навивачи на Звезда претепале дел од навивачите на германскиот тим.
Полицијата многу брзо пристигнала на местото на настанот, а повеќето од навивачите дотогаш веќе биле заминати. Но, 15 од нив се приведени во полициска станица.
Најголем дел од приведените се од Германија, а донесени се вкупно 10, а потоа е уапсен и државјанин на Србија, навивач на Црвена звезда, кој се сомничи дека учествувал во тепачката.
Дополнително, кај уште двајца навивачи од Германија биле пронајдени факел и фантомка, а приведени се еден државјанин на Босна и Херцеговина, како и еден државјанин на Швајцарија.
Novi snimak tuče Delija i navijača Štutgarta pic.twitter.com/A0am2soKGT
— FantomBeograda (@FantomBeograda) November 27, 2024
Zeleni venac, 13:10 prebijanje jednog čoveka, gomila momaka sa crnim kovid maskama, koškanja, jurnjava… čuje se i turski i nemački. Ništa mi nije jasno, kao i drugi građani umrtvljeno posmatram i grickam semenke od bundeve pic.twitter.com/W8mR76In1p
— [email protected] (@gajiczeljkoyah1) November 27, 2024